Мицкоски: Наместо да се извинува Заев требаше да изјави дека се срами и да даде оставка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека премиерот Зоран Заев наместо да се извинува требало веднаш да ја напушти премиерската функција и да распише предвремени парламентарни избори, доколку сакал да биде почитуван од сопствените граѓани. Ова, рече Мицкоски, само дополнително ќе ја зголеми неговата лична агонија, неговата лична фустрација, но и фустрацијата на граѓаните.

„Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже на неговата прес-конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Паетровец.

За мене, додаде Мицкоски, е катастрофално она што може да се чуе во разговорите што Заев ги водел, а се објавени.

„Како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат , меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори. Сето останато е лицимерие“, рече Мицкоски.

Предвремените избори, според него, се единствениот спас за земјава.

„Ајде да седнеме веднаш уште денеска да завршиме со сите протоколарности,  да ги собереме пратениците во рамките на парламентот, да одржиме состанок со пратеничките групи, секој претседател на политичка партија одделно, да договориме техничка влада и да одиме на предвремени избори. Ова веќе станува неподносливо и за граѓаните, државата ни се празни луѓето се разочарани, луѓето се исфрустрирани, не гледаат перспектива. Јас ја разбирам сета онаа иницијативност која што Зоран Заев и малкумина неколку негови послушници сака да ја покаже наивно извинувајќи се, но мислам дека помина времето за извинување, веќе трета година за сите овие неуспеси ние слушаме извинувања, редно време е одговорност. Редно време е одговорност да понесе некој во оваа држава“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На новинарско прашање дали фактот што Грција има нов премиер значи дека е можно доколу ВМРО-ДПМНЕ победи на избори да се разговара за некакакви ревидирање на делови од Преспанскиот договор, тој вели дека ставот на неговата партија и негов во врска со ова бил кажан најмалку стотина пати и за нив договорот е капитулантски  и директно задира во националните и идентитетски прашања на македонската посебност, на македонската држава.

„Така што сето она кое што е во насока на подобрување, сето она кое што е во насока на зголемување на квалитетот и враќање на изгубените позиции кој што овој уценет што го видовме денеска премиер под притисок ги потпиша, ние сме тука да ги репреговараме и да ги повратиме“, рече Мицкоски. Тој додава дека е подготвен со секого да разговара и оти ќе е и ќе биде на браникот на одбрана на македонските национални интереси и на интересите на македонската држава.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе