Мицкоски најави учество на ВМРО-ДПМНЕ и во работните групи и на јавната расправа за законот за ЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното обвинителство, откако вчера преговарачката тројка од неговата партија го напушти состанокот на партиските работни групи, со барање да присуствува и Јавниот обвинител, Љубомир Јовески.

„Апсолутно во сето она што е во интерес на граѓаните и процесите, ние ќе учествуваме и тука сме да соработуваме“, рече Мицкоски запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на состаноците со работните групи кои што се однесуваат само на политичкиот дел. Тој потврди дека наредната надела ќе бидат дел и од јавната дебата.

„Еве следната недела како што вие велите ќе има јавна дебата на која што ќе можеме да дискутираме околу текстот на овој закон на експертско, на стручно ниво. Ќе бидеме дел и од политичките преговори, но ќе бидеме дел и од оваа експертска дебата“, изјави Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ не се против носењето на законот, основа за преговори постои, но, како што кажа, треба да има и другата страна желба за да се постигне решение, односно да се прифатат аргументираните забелешки од нивна страна.

„Ние сме тука. Подготвени сме да преговараме и разговараме. Но априори ниту отфрламе, ниту прифаќаме. Ова е демократија, ние имаме различни мислења, ние имаме како политичка партија своја цел. Ние се стремиме кон таа цел, нашата цел е иста со целта на огромно мнозинство граѓани во оваа држава, а тоа е да имаме не само добар закон на хартија, туку да имаме имплементација во пракса“, рече Мицкоски.

По најавата дека јавниот обвинител Љубомир Јовески ќе учествува наредната недела на јавната расправа и за неговото тврдење дека предлогот е добар, Мицкоски вели дека е нормално Јовески да да го промени мислењето и да каже сега дека законот е добар, откако за тоа добил инструкции од Медарски.

 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе