Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формирало влада

Мицкоски најави мегапроекти: целосна гасификација, бесплатен приклучок, чист воздух, ново министерство за енергетика…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во седиштето на партијата презентираше проекти за, како што рече, обнова во енергетиката и екологијата. Ги опиша како „дел од проектите и политиките кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги води”.

„Се обврзуваме на обнова која подразбира енергетска обнова на домовите на граѓаните. Односно овозможување секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50-тина проценти е на трошок на државата. Фактичката состојба покажува дека многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, или воопшто немаат фасада, а нивната обнова пак или изградба на фасада чини пари. Затоа се обврзувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасен оков во домовите.

Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи за граѓаните набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50-тина проценти од сумата ќе биде на трошок на државата.

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе целосна гасификација на Македонија. Гасификацијата која сега е заглавена, целосно ќе ја одглавиме и ќе ја дозавршиме. Затоа ќе го изградиме гасоводниот систем во државата и се обврзуваме на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство со бесплатен приклучок до гас”, најави Мицкоски.

Тој рече дека нема да ветува чуда и додаде дека еден од клучните приоритети кој ќе го реализираат е чистиот воздух. 

„Се обврзуваме на обнова која ќе донесе повеќе здравје, односно до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат од сега.

Се обврзуваме на обнова која подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија”, изјви Мицкоски, најавувајќи ветерен парк Миравци, но и целосна модернизација на РЕК Битола.

Тој најави и нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија.

Еден од проектите што ги вети е и основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата. Тоа, вели, не значело зголемување на бирократијата, напротив намалување, но и намалување на бројот на министерства кои што сега се покажале како нефункционални и навистина одвишни во државната структура.

Издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти е уште еден од проектите што ги најави Мицкоски.

Ова, според него, се сериозни проекти за обновата која ќе ја спроведела „новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ”.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе