Обраќање како дел од кампањата „Обнова“

Мицкоски најави дека опозицијата излегува на улица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Гевгелија им порача на сите граѓани на земјава да веруваат во подобра иднина и најави дека од денеска опозицијата излегува на улиците и плоштадите.

Знам дека ова се тешки моменти, знам дека сите ние очекуваме да добиеме чист датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Сите ние веруваме во европска иднина и ќе продолжиме да веруваме, но нема да нè водат политичари лажливци, коишто само ветуваат, а ништо не исполнуваат, рече Мицкоски.

Додаде дека доаѓаат честити луѓе, со силна биографија кои знаат како треба Македонија да ја внесат во семејството на европските народи и дека тоа го може само идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ веднаш по предвремените парламентарни избори.

Во своето обраќање лидерот на опозицијата рече дека како партија му дале шанса на процесот и рече дека „17 октомври е денот кога завршува концесијата", ден кога завршува трпението на ВМРО-ДПМНЕ и дека денес ги повикува сите да се придружат за, како што рече, да изгрее вистинското сонце на слободата во Македонија.

„Од денеска за опозицијата 24 часа на ден домот ќе биде плоштадот, улицата, вратата на нашите соседи и нашите сограѓани ширум целата Македонија. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска започнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија", рече Мицкоски.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе