„Затоа е многу важно дали МВР ќе излезе со детали, и ќе го спроведува законот заедно со Обвинителството за организиран криминал или тоа ние ќе го направиме, ќе обелодениме детали со имиња и со точни фирми кои се дел од оваа, би рекол злосторничка дружина“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека во аферата се вплеткани високи функционери на СДСМ и ДУИ.
„Се работи за шема со инстант компанија која генерира фиктивни побарувања од УЈП за поврат на данок на додадена вредност, и фирма Б односно која долгува на УЈП по основ на данок на додадена вредност. Инстант компанијата со фиктивни фактури ѝ приоѓа на втората фирма и и вели дај да се пребиеме со цесија, односно ниту тие мене да ми вратат, нити вие да платите. Нормално, за определен надомест. И тогаш што се случува? Тие се пребиваат , а официјално се добива поврат на ДДВ. За ова деталите ги има актуелна пратеничка на СДСМ, која порано беше директор на скопската подружница на Управата за јавни приходи. Тука е и еден господин од Општина Ранковце близок до поранешен висок функционер на СДСМ, а сега министер, Деталите ги има и актуелната директорка на УЈП или нејзиниот заменик“, нагласи Мицкоски и ги повика МВР и Обвинителството за организиран криминал да излезат со имиња, со јасна и прецизна динамика како ќе се спроведе законот за овој криминал и за оваа пљачка.