Мицкоски на средба со директорот на ИРИ: Итно е потребна департизација на администрацијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна до Директорот на Меѓународниот републикански институт за Европа, Пол Мекарти. На средба се потврдија добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ и се согласија за понатамошна продлабочена соработка, соопштуваат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски го информираше Мекарти за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ насочена кон стратешките интереси на нашата земја за членството во ЕУ и НАТО.

На средбата се дискутираше и за актуелната политичка состојба, предизвиците и реформските процеси. Мицкоски посочи дека власта доцни со потребните реформи и го нема потребниот капацитет да ги спроведе истите.

Тој исто така го истакна недостатокот на демократски капацитет кај власта и злоупотребата на државните институции за свои лични интереси, притоа потенцирајќи ја се поприсутната корупција, непотизам, матни тендери, грантови и други незаконски активности.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за крај порача дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан економски раст“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе