Мицкоски: На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им биле нудени шестцифрени суми за поддршка на СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција рече дека вчера немале средби и разговори со претставници на другите политички партии за формирање на парламентарно мнозинство, но најави дека во следните денови тоа ќе се случи.

Тој, како што кажа, во наредните денови ќе се обиде да формира мнозинство од 61 пратеник, но не по секоја цена.

„Со нашето прво влегување во Влада ќе се предложи закон за испитување на потеклото на имот на сите лица кои се бават со политика или извршувале политички функции. Тоа и Заев го поддржа. Ние очекуваме голема поддршка од другите партии. За мене политиката е на ниво на филозофија, а не на пазар. Не треба власт по било која цена за да бидете на власт“, рече Мицкоски.

Доколку не успее, најави дека ВМРО-ДПМНЕ останува во опозиција и ќе се бори против сите погрешни политики коишто би ги водело парламентарното мнозинство.

На прес-конференцијата тој уште кажа дека на пратениците од неговата партија им биле нудени шестцифрени суми за да ја поддржат програмата на СДСМ. Тој ги знаел имињата на тие „мистериозни“ ликови кои им приоѓале на пратениците, но во овој момент нема да ги обелодени.

„Не би сакал сега јавно да зборувам за имињата на тие лица, тоа би било многу несериозно. Врз основа на сведочењата на луѓето на кои им е пристапено, јас само предупредив дека лица пришле на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и тоа е нормално. Нормално е да се пристапи, да се рече видете ваква програма нуди СДСМ, но шест-седум цифрени бројки во странска валута и ветувања за привилегии, со понуда дека утре ви е обезбедена средба со врвот на раководството на СДСМ, тоа предизвикува згрозување кај слушателот, кој е пратеник од нашата коалиција и кај мене. Се надевам дека ова ќе бидат неуспешни епизоди кои оставаат флека на демократските процеси во државата и дека нема да се повторат“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, овие работи нема да се повторат, бидејќи пратениците од коалицијата „За обнова на Македонија“ не препознаваат капацитет во човекот кој претендира да ја води идната влада, а е негов политички конкурент.

Денешната прес-конференција беше свикана на тема „поскапување на струјата“, а Мицкоски кажа дека со повисоката цена на струјата приватна компанија ќе се обогатува, а граѓаните ќе осиромашуваат, како и дека власта прави грабеж.

„Покачувањето на цената на електричната енергија е нешто што оваа влада не го вети, но го реализираше.  Покачување на цената во услови кога имаме тешка економска и здравствена криза преставува сериозен удар врз стандардот на државата и практично е грабеж на граѓаните“, изјави тој.

 

 

 

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе