„Потребни се суштински промени“

Мицкоски: На Македонија ѝ треба квалитетен СДСМ, а не СДСМ посветен на „лоповлук“, измами, предавства

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не ги коментира одлуките и состаноците на органите на СДСМ пред денешните седници на Централниот и Извршниот одбор, зашто тоа е „нивна работа“, но смета дека во партијата треба да се коригираат однатре.

„Прво треба да се коригираат однатре, па потоа да најдат луѓе кои ќе испорачуваат работа затоа што на Македонија ѝ е потребен квалитетен СДСМ, а не СДСМ кој ќе биде посветен на лоповлук, измами, предавства“, рече Мицкоски по посетата на ОУ „Александар Македонски“ во општина Аеродром.

По оставката на лидерот на партијата и премиер Зоран Заев не очекува промени во власта од, како што рече, „овие луѓе кои се таму во моментов“.

„Ако тие продолжат и натаму да менаџираат со политичката партија СДСМ не очекувам промени, бидејќи Зоран Заев ќе си замине, а условно кажано заевизмот ќе остане. Претпоставувам се обидува да најде некој пион којшто ќе го продолжи неговиот лик и дело, и во Владата и во СДСМ. Таму треба суштински да се сменат работите, но нема да навлегувам во дополнителни коментари и тие најдобро знаат како понатаму треба да функционираат. ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на испорака на она што им е ветено на граѓаните“, рече Мицкоски.

На прашањето што очекува од Алтернатива, тој одговори дека нема информации каков заклучок органите на партијата ќе донесат денеска на состанок на Централното претседателство и дека не разговарал на таа тема со лидерот Африм Гаши.

„Алтернатива има две опции – да ја прифати понуда на Заев и да влезе во оваа влада, која ние ја оценуваме со најниска оценка и е можеби најлоша во 30 години независна Македонија, или да остане во опозиција. Си имаат раководство, стратегија, тие одлучуваат за нивната иднина. Да ги почекаме одлуките на двете партии кои денеска имаат состаноци на највисокото раководство, па ќе ги коментираме“, рече Мицкоски.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе