По лидерската средба

Мицкоски: На изборите ќе победи обновата за Македонија, сигурен сум дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ

На денешната средба кај претседателот сите учесници ги реафирмираа ставовите за тоа дека Македонија е за членство во НАТО и за продолжување на преговорите за членство во ЕУ. Друга алтерантива за нас и не постои, изјави вечерва по средбата во Вила Водно Христијан Мицкоски.

За предвремените парламентарни избори Мицкоски рече дека тоа беше неминовно по дебаклот на Владата на Зоран Заев и на СДСМ, кога во Бисел беа поразени арамилакот, криминалните афери и неправдите.

„На предвремените избори ќе победи обновата на Македонија, а потоа следува засукување на ракавите и работа, рабиита и само работа за да Македонија дел од европското семејство. Продолжуваме со нашата политика за модерна европска иднина на Македонија“, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вети дека новата влада еднаш ќе стави крај на злоупотребите, ќе го провери потеклото на имотот на политичарите без оглед на тоа кој е и од каде е.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе