Претседателски избори 2019

Мицкоски: На 21 април победува професорката Гордана Сиљановска Давкова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Кичево.

Мицкоски пред присутните потенцираш дека на 21 април, победува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Сиљановска Давкова, потоа таа победа ќе биде потврдена на 5 мај, а потоа ВМРО-ДПМНЕ победува на предвремените парламентарни избори, победува коалицијата која е со народот.

„Ние господа од врхушката на СДСМ, сме различни од вас. А зошто сме различни сега ќе ви кажам. Различни сме затоа што нашата последна мисла пред да заспиеме е за народот и за Македонија. Нашата прва мисла кога ќе се разбудиме е за народот и за Македонија. И секојдневно меѓу себе дебатираме што можеме ние да сториме за овој преубав велик народ и оваа преубава татковина Македонија. А вие господа од врхушката на СДСМ, мислите на народот и на татковината од избори на избори. Е тоа не прави нас и вас различни“, истакна тој.

Мицкоски запраша што  направи СДСМ за Македонија и посочи дека тие треба да побараат извинување од кичевчани и граѓаните во Република Македонија за сите неправди кои ги нанесоа.

Вие господа од СДСМ чекорите кон иднината со вреќи полни украдени пари, а ние сакаме да чекориме кон иднината, достоинствени искрени и честити. Вие господа од СДСМ ја сакате иднината за да се богатите, а ние сакаме богата татковината и богати граѓани заедно да чекориме во иднината. Вие господа од СДСМ би се откажале од минатото затоа што минатото како сидро ве влече и не ви дава да одите кон иднината, а ние господа од СДСМ се гордееме со нашето минато, со нашата историја и со нашата традиција кои се наше едро во кое дува ветер и грабиме цврсто кон иднината, ама онаа честитата иднина. Ние господа од СДСМ ги велиме нашите сограѓани браќа и сестри, почитувани, добри луѓе, а вие господа од СДСМ како да заборавивте кога ги нарековте стока, а потоа ги нарековте и сурати“, вели Мицоски

 

 

 

 

 

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе