Мицкоски му одговори на Вархеји: Македонија премногу даде за Европа и треба да не почитуваат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека го почитува ставот на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, но и дека се надева оти Вархеји го почитува неговиот став.

„Мојот став е дека Македонија и македонскиот народ премногу дадоа за тие европски вредности. Насила ни беше сменето знамето, насила ни беше наметната времената референца за името, добивме случај во Хаг, но и тој насила ни беше поништен под изговор дека тоа е меѓународно право и појаките имаат поголемо право. Потоа насила ни беше променет Уставот, насила ни беше променето уставното име, насила сега беше прошверцуван обид да се начне македонскиот идентитет и ако сите овие се европски вредности, простете но јас не сакам да ги споделувам“, рече Мицкоски, коментирајќи ја вчерашната порака од Вархеји дека не се европски вредности случувањата во Собранието за време на дебатата кога се разговараше за преговарачката рамка и ја повика опозицијата да докаже дека е на европскиот пат.

Тој, како што рече, сака да ги споделувам вредностите дефинирани со копенхашките критериуми и вредностите кои се дефинирани според Договорот за асоцијација и стабилизација кој што го потпиша првата влада на ВМРО- ДПМНЕ уште во 2000 година, дури и пред Хрватска.

„Втората влада на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди визна либерализација и обезбеди позитивен извештај за отпочнување на преговори. А што правеа владите на СДСМ? Менуваа име, менуваа знаме, тргуваа со влијание, многу кадеа од транзицијата до сега и тоа се влади кои според овие бирократи споделуваат европски вредности, а ние не споделуваме. Ако се тоа европските вредности простете, но јас не ги споделувам“, нагласи тој.

Говорејќи за најавениот референдум, кажа дека референдумското прашање нема да биде за промена на Уставот за влез на Бугарите во него, како и дека е можно Бугарија да се откаже од тоа барање во корист на тоа Преговарачката рамка со билатералниот договор и Протоколот да станат европска преговарачка рамка за Македонија. Според него, граѓаните ќе се изјаснуваат дали ја прифаќаат Преговарачката рамка со билатералниот договори и Протокол за почеток на преговорите со ЕУ, но за него нема да биде изненадување ако власта се обиде да го опструира референдумот. Но, тој, како што вели, гарантира дека нема да има промена на Уставот, а гаранција за тоа биле пратениците.

Мицкоски уште објаснуваше дека Софија може да се повлече пред вториот кластер.

„Сега Бугарија нема ништо, таа е изолирана во нејзината намера да се фокусира на протоколи и на билатералниот договор. Тие уште го немаат европеизирано нивното барање. Излезе еден брифинг –‘што ако Софија се повлече од барањето за уставни измени‘? Не би ме чудело тоа, а тука тоа Владата ќе го претстави како голема победа. Не, повлекувањето на Софија и репроектирањето пред вториот кластер, ако тоа се случи, ќе значи дека Владата ќе ја прифати Преговарачката рамка и тогаш билатералниот договор ќе стане европски договор“, изјави Мицкоски.

Тој повтори дека информацијата за референдумот денеска ќе биде пред Извршниот одбор на партијата, а утре пред Централниот одбор. Консултациите за референдумот се процес кој ќе трае и ќе требаат три месеци за собирање 150.000 потписи.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе