Мицкоски: Мојот карантин завршува, овој Велигден да го прославиме во кругот на семејството

Денеска е седмиот ден од мојата самоизолација или 14-ти ден од последниот контакт со лице инфицирано од Ковид-19 вирусот. Во текот на денот бев тестиран, а штотуку ги добив резултатите од денешното тестирање и со задоволство можам да кажам дека сум негативен на тестот, што практично потврдува дека не сум инфициран од Ковид-19 вирусот, истакна преку видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„На сите вас и на вашите семејства сакам да ви посакам добро здравје, а на сите оние кои се инфицирани од Ковид-19 вирусот побрзо закрепнување. Ја користам оваа прилика на медицинските лица, припадниците на МВР, АРМ и на сите оние кои што се грижат за македонските граѓани и за Македонија да ви се заблагодарам за сето она кое што го правите за нас. Денеска е Велики четврток, на почеток сме од Велигденските празници и Христовото Воскресение и денес е денот кога си спомнувам кога бев мал, кога заедно со мојот дедо бевме во еден од православните христијански храмови во центарот на Скопје. Ме држеше за рака и ме погледна и ми рече Тино, така тој ме викаше, денеска е ден кога семејствата православни христијани се собираат на велигденски ручек, кога сите се весели и среќни, посакуваат желби за здравје, среќа и успех во животот. Тој за жал веќе не е со нас, но зад себе остави едно дело Библија за деца, сигурен сум дека голем дел од македонските православни христијани имаа можност да другаруваат и многу четива да прочитаат од таа Библија за деца. Овој Велигден е различен од оние Велигдени кои што јас ги паметам во животот, за жал поради оваа пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот ќе нема можност заедно со илјадници луѓе православни христијани вечерта сабота спрема недела да го дочекам Христовото Воскресение пред некој од православните христијански храмови“, вели Мицкоски.

Тој во видеото додава дека тоа ќе го направам дома, во кругот на семејството, за да се заштитам себе, но она што е поважно да ги заштитам и другите. Самите ќе си ја потпевнуваме онаа строфа од Велигденската литургија, кога велиме дека Христос воскреснал од мртвите и со смрт смртта ја победи, а на оние во гробовите живот им даде.

„Ајде сите ние заедно почитувајќи ги препораките да дадеме и да заштитиме што е можно повеќе човечки животи и овој Велигден да го прославиме во кругот на семејството, а Христовото Воскресение да го дочекаме заедно со нашите најблиски во нашите домови. Сигурен сум дека ќе успееме во тоа. Сосема на крај, ја користам оваа прилика до сите вас, до сите оние православни христијани кои што го чествуваат Христовото Воскресение да ви посакам многу здравје, среќа, успех на вам и вашите семејства, па следниот Велигден заеднички повторно да се најдеме пред некој од православните христијански храмови и заеднички да го дочекаме Христовото Воскресение. Да сте живи и здрави.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе