ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Мистериозни личности во име на СДСМ им пристапиле на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на конститутивната седница на Собранието на која беше гостин рече дека неговата партија изминатиов, но и следниот период се фокусира на преговори за формирање ново парламентарно мнозинство, што ќе значи и нова Влада и не ја исклучи можноста дел од пратениците од коалицијата на СДСМ да ја поддржат, како што кажа, реформската  програма на неговата партија.

Како што кажа Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следи ќе се обиде да формира парламентарно мнозинство изградено врз политичка филозофија, а не политички пазар.

Влада која ќе биде фокусирана на справување со вистинските проблеми, пред сѐ пандемијата предизвикана од ковид-19 и справување со последиците од неа и справување со економската криза која е на повидок и сите ја чувствуваме како граѓани“, изјави Мицкоски.

Затоа, како што кажа, ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период и во следниот период ќе биде силно фокусирана во формирање ново парламентарно мнозинство што, според него, ќе поддржи влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и успешно ќе се справи со предизвиците кои ги споменав.

„Но, и што да се случи во преговорите што ќе ги води ВМРО-ДПМНЕ во следните денови и кои ги водеше, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од овој парламентарен состав ќе бидат фокусирани исклучиво на предлози кои ќе значат вистинска борба против корупцијата и криминалот. Ќе зборуваме гласно во новата влада која се надеваме дека ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и веднаш со интензивни мерки ќе се справиме со овие предизвици кои навистина ги мачат нашите граѓани“, изјави тој.

Мицкоски очекува во следните денови ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да обезбеди парламентарно мнизниство кое во иднина ќе поддржи, како што рече, една „вистинска реформска влада која на брза лента ќе ја однесе Македонија пред рамноправно членство во ЕУ“.

Тој уште еднаш обвини дека последните избори се најнедемократски и корумпирани што се одржале во земјава.

Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека за него политиката не е пазар и тоа е погрешното што се случувало во минатиот парламентарен состав, туку е филозофија, а за некој пратеник да поддржи одредена политичка опција, треба да има определна точка која ќе го поврзе со програмата што ја нуди таа политичка опција.

„Врз основа на разговорите и на луѓето во кои бескрајно верувам и се дел од пратеничката група ‘За обнова на Македонија‘, не сметам дека постои некој што ќе ја поддржи програмата на Заев, која би била програма за работа на идна влада предводена од СДСМ“, рече Мицкоски.

Искуствата од претходниот парламентарен состав, како што оцени, не може да бидат применети од овој состав.

„Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозинство. Да, на оние пратеници на кои им се пристапени мистериозни личности кои се повикуваат на раководството на СДСМ, пријдоа, кажаа и со згрозување ги одбија. И јас со згрозување одбивам да коментирам ваков вид пазар зашто на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани за следните избори кои на една година од сега ќе бидат локални. Верувам во политичка мудрост, политичка програма и политичка филозифија, а не на пазар како што се случуваше во претходниот парламентарен состав“, нагласи Мицкоски.

Тој рече дека со Заев единствено се согласува дека е потребно формирање стабилна, реформски ориентирана влада, без коруптивни афери, во која ќе партиципираат луѓе необременти со коруптивни афери и криминал, која ќе ги спроведе реформите и на која притоа приоритет ќе и бидат судтсвото, здравството и образованието.

На прашањето за ДПА, Мицкоски одговори дека Мендух Тачи своеволно ќе одлучи која програма ќе ја поддржи.

„На состаноците што претстојат очекувам Тачи да донесе вистинска одлука, дали ќе остане во опозиција“, рече Мицкоски.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе