Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за новите анти - ковид рестгрикции

Мицкоски: Мерките за невакцинираните нѐ враќаат 50 години назад

Новите рестриктивни мерк се квази мерки кои што не само што нема да го заштитат здравјето на граѓаните туку и дополнително ќе направат поделби меѓу граѓаните, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, според кого, поделбата на вакцинирани и невакцинирани граѓани потсетува на едни минати времиња пред 40 и 50 години кои што светот ги памети, а не само Македонија.

„Апсолутно ги отфрлам овие мерки кои дополнително прават поделба меѓу македонските граѓани. Овие мерки имаат единствена задача, практично да воведат една таканаречена вештачка непримерна контрола, ќе го уништат оној бизнис кој што колку - толку започна да функционира, ќе донесат еден вид фрустрација кај граѓаните, посебно кај оние кои што имаат уставно загарантирано право да изберат дали да се вакцинираат или да не се вакцинираат, иако јас лично сум за имунизација по пат на вакцинацинирање“, вели Мицкоски.

Според него, имиунизацијата на населението започна многу доцна и затоа, според него, мерките немаат врска со медицината, ниту со заштита на здравјето, туку, рече, дополнително ќе го фрустрираат населението и ќе го поделат.

Мицкоски нагласи дека тој е на страната на оние граѓани кои што масовно изразуваат негодување против ваквите мерки „донесени од оваа неспособна влада на СДСМ“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе