Во изјава за ТВ Алфа

Мицкоски: Ме следат специјалците на МВР, очекувам да ме уапсат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва за ТВ Алфа изјави дека има инфоремации дека се подготвува и негово апсење. Говорејќи за последната полициска акција во која беа уаспени десетина лица, меѓу кои и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека веќе има план во случај на негово апсење.

„Мислам дека во тие сценарија ќе биде некој план за приведување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на лидерот на опозицијата и другите блиски соработници околу него. Ја користам приликата да апелирам до граѓаните и оние во раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе останат, да продолжат да се борат, да не носат одлуки под емоција“, рече Мицкоски.

Тој тврди дека е предмет на следење од страна на полициски службеници во Министерството за внатрешни работи.

„Имам јасен план во таков случај, свесен сум дека може до тоа да дојде, сум разговарал со луѓе од моето семејство дека со Заев и луѓето околу него сѐ може да се очекува. Па и тоа да дојдат да ме приведат. Ова е апел до луѓето од специјалната единица на МВР кои се вртат околу мојата куќа со изговор дека го набљудуваат училишниот двор во близина на мојот дом. Знам која е целта на оваа деспотска власт“,  рече Мицкоски.

„Свесни се дека ја губат довербата од народот, свесни се дека немаат проекти, стратегија, визија… и единствениот начин е, како што теоретски си го замислиле тоа, да вршат притисок врз политичките неистомисленици во опозицијата и да втеруваат страв кај граѓаните“, рече Мицкоски.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе