Претседателски избори 2019

Мицкоски до Заев и Пендаровски: Ве очекува политички пекол предводен од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ математички го признава Стево Пендаровски за претседател, но и претседателот на партијата Христијан Мицкоски и кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова не му ја честитаа победата. 

Мицкоски во говорот им порача на Зоран Заев и на Пендаровски дека ги чека вистински политички пекол кој ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во Македонија. 

„Картата е црвена драги браќа и сестри. Реалноста значи победа во најголемиот број на општини. Сега победивме со уште поголема и поубедлива разчика од првиот круг. Му се допаѓало тоа некому или не, но денес реалноста е следна: ако имаше парламентарни избори, партијата која народот ја избрал на овие избори и која ќе освоеше најголем број мандати и пратеници е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ направи одличен резултат, новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила во Македонија”, рече Мицкоски. 

Тој обвини дека „сценаристите” измислувале, го ставиле  членството под политички прогон, го замрзнале седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, им се заканувале, но тие работеле и заедно со Сиљановска дошле до близу 380 илјади гласови. Исто така, обвини за уцени, притисоци, а веројатно, како што рече, и „брзи прсти”. 

„Ова не е алиби туку вистината за Македонија. Ве гледам во очи и ви кажувам ќе успееме. Македонија заедно со народот, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе успее. Оваа власт која ја предводи Заев Зоран е свесна дека е веќе минато и ќе падне. Ќе продолжиме заедно со народот и колку и лажно да се силат ќе знаат дека е ова лош резултат за нив, последица на бескрупулозното пазарење. И ти тоа господине Заев го знаеш, знаеме и јас и ти што се си ветил”, рече Мицкоски.  

И се заблагодари на Сиљановска, нарекувајќи ја жена за пример, чесна и со екстремно цврст морал и и порача дека „ВМРО-ДПМНЕ и тој лично сметаат на неа, дека таа била хеорињата на народот и дека ВМРО-ДПМНЕ е нејзин дом и така ќе остане засекогаш”. „Македонија главата горе високо, имаш ти чеда достоинствени да те бранат, а јас ти ветувам дека ќе те одбранат”, рече Мицкоски. 

 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе