ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Македонија не е пашалак на Заев, а народот не е заробеник на нивниот криминал

Светот во кој живее Заев не е истиот во кој живее народот. Не е прашање дали, туку кога ќе падне оваа власт. Народот ќе каже на наредните предвремени парламентарни избори. Ветив битка до последниот здив и ветив победа, рече на денешната конференција за медиумите Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и најави организирање на големи протести против оваа власт.

„Ќе организираме големи протести, а ќе ги употребиме и сите други демократски алатки како отпор на оваа неодговорна куфер-октопод  влада на Република Македонија. Имаме нечесна власт. Македонија не е пашалак на Заев, а народот заробеник на нивниот криминал. Да ја одбраниме Македонија од овој криминален ураган на власта. Падот нема да биде избор на Заев, туку одлука на народот во кој силно верувам. Доаѓа обнова на Македонија“, рече Мицкоски.

„Криминалот од вакви размери не е можен без поддршка од Зоран Заев. Катица Јанева не е во притвор, а може да избега, може да влијае на сведоците и како прв човек на СЈО да го повтори делото. Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод. Зоран Заев е свесен дека Меѓународниот сојуз на еден од обвинетите важи на извесен начин на чедо на СДСМ. Сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на изнуда и рекет. Заев е во состојба да се откаже од сите само за да се спаси себе. Некои велат Катица е следната, но тоа за граѓаните во Македонија значи само уште еден криминалец помалку на слобода. Некои велат дека нема тука застане. Никако да дојдеме до главниот, а тоа е оној што го осмилил и аминувал тој криминал“, рече Мицкоски.

Тој праша какви докази крие семејството на еден од осомничените? Кој сѐ е вкчуен во таа белградска врска на мешетари платени со македонски пари, кои се луѓето кои се офајдиле од куфер политиката, како и на што се должи заострувањето на политиката кон Катица Јанева, праша Мицкоски.

„Немаме правна држава затоа што ја убија и ја погребаа. Падот на оваа власт не е прашање дали ќе се случи, туку кога. Народот ќе каже доста е на следните предвремени парламентарни избори. ВМРО ќе ја сруши оваа власт и ќе донесе правда“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски смета дека препораките на ПР тимот на премиерот за бранење на Заев со шпекулации и конструкции е напад на интелигенцијата на граѓаните.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе