Од автомобилскиот протест на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Mагарешката Влада на Заев нема решение за ниеден проблем

„Имаме работа со влада за која магарињата вредат повеќе од човечките животи. Оваа магарешка влада на Заев е најнеуспешната во овие 29 години независност. Ако мислиме дека транзицијата беше нашиот најтемен период, Заев со неговото работење не разубеди дека и од лошото има полошо",рече во своето обраќање лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред Собранието во рамки на протестот на партијата со автомобили.

„Најдоброто што знаат да го изустат е дека Мицкоски немал став за ниту едно прашање, со надеж да ги завртат погледите кон нас за да не се види нивната политичка бедотија и неспособност. ВМРО-ДПМНЕ нема прашање за кое немаме јасен, прецизен, дециден став исто како што Заев и неговата магарешка влада немаат решение за ниеден проблем што е секојдневие на народот во Македонија", рече Мицкоски.

Според него, доколку биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец, а по националност Бугарин, тоа ќе значи удар во темелите на македонската нација.

„Доколку навистина биде прифатено од страна на оваа политичка мафија предводена од Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец бидејќи бил роден на географската територија Македонија, а по националност бил Бугарин, нашиот мајчин македонски јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонска нација и дополнително понижување. Ако оваа политичка мафија донесе таква одлука, следната влада на ВМРО ДПМНЕ, истатат таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане запишано. Да не биде потоа дека не сме предупредиле", рече Мицкоски.

Вистинско време, рече Мицкоски, е Европа сега и веднаш, да му врати на овој народ без условувања, без уцени европска иднина.

„ЕУ е таа што ги има во своите раце иднината на овој народ и држава. Независно од политичката импотентност на Заев и неспособноста вистински да се препознае стратешкиот момент. ЕУ без условување треба да почне преговори со Македонија и тоа да се случи час поскоро. Тоа е единствениот начин да се има цел, а тоа е да се движи земјата напред", рече Мицкоски.

Toj упати честитки до граѓаните по повод државниот празник 23 Октомври - денот на македонската револуционерна борба.

Новиот протест на ВМРО-ДПМНЕ е насловен како „протест против мафијата и за слобода и правда". Во Скопје почна од две собирни точки во Скопје – СЦ „Борис Трајковски" и СЦ „Јане Сандански", заврши пред Собранието и продолжи со автомобили кон Штип преку автопатот Гоце Делчев, каде ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе