По повикот за обединет опозициски блок

Мицкоски: Левица ја одби подадената рака за уривање на хибридниот режим

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски призна дека Левица ја одбила поканата за обединет опозициски настап заради уривање на власта и сака да верува дека е тоа „поради недоволното политичко истуство на Левица“. Мицкоски порача: „Ние одиме по патот на рушење на овој корумпиран хибриден режим, дали Левица ќе биде дел од тој поход зависи од нив“.

„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ. Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица. Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт, тку побаравме да се обединиме и да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ - ДУИ на власт“, изјави Мицкоски.

Тој повика да се поправи грешката која, нагласи, има висока цена и преку обединување во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ  „Македонија да се извади од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство, против корупцијата и криминалот“.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе