Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по повод 4 години влада на СДСМ

Мицкоски легнува и се буди со мислата за смена на Заев и власта

„Ha 1 јуни 2017 година беше формирана првата Влада со мандатар Зоран Заев и точно е дека имаше надеж кај народот за неговите ветувања. Но по четири години резултатот на сето ова е едно огромно разочарување. Никогаш не било лесно овие 30 години независност, но сега народот живее буквално најтешко", оцени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Toj рече дека ќе продолжи да се бори за паѓање на власта и дека легнува и се буди со таа мисла.

„Ако треба во кратки реченици да се опише ова четиригодишно владеење би кажал имаме четири години украден живот, украдоа четири добри години од животот на секој еден граѓанин, ги празнат џебовите на народот, но ја крадат и правдата заменувајќи ја со неправда. Четири години хибриден режим на мафијата на власт. Триесетина луѓе високо во власта одлучуваат за судбините на два милиона луѓе. Тесна клика од триесетина силно криминализирани типови ја имаат запоседнато целата држава, но и самата СДСМ", рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е за криминалот причината што Заев го брани Рашковски, туку тоа е последицата, а имињата на Ден Дончев, Вице, Трајче, Ковачевски, Кирацовски, Николовски и другите чувари на криминалот во судството и обвинителството се само слугите на Заев во сомнежите за криминал и украдениот живот.

„Четири години точно, 1.461 ден одење наназад. Трговија со име, идентитет, историја, нација, светли херои, за возврат договор со Бугарија кој им дава право да нѐ блокираат, одземена европска иднина и многу, многу криминал и неправда", нагласи Мицкоски.

Тој најброја поголем број на проекти ветени од оваа власт, некои рече се и подзаборавени, но нема ниту трага ниту глас од проектите.

Растот на економијата е за седум пати помал од ветениот, јавниот долг порасна за една милијарда 700 милиони евра, наместо правичен - воведоа скалест даночен систем предизвикувајќи огромни штети, по што го вратија стариот рамен систем, според уделот на странски инвестиции Македонија е на последно место во регионот, но земјата стана една од најкорумпираните заземајќи 111 место а скалата на Транспаренси, бидејќи „апаши ја водат државата", наведе Мицкоски.

Тој наведе и нереализирани проекти во енергетиката, патната и железничка инфраструктура, потоа и проектот за нов клинички центар, за да оцени и дека најавата на Заев за 8 милијарди вредни инвестиции за наредните две години, најверојатно ќе остане само на хартија.

Мицкоски потоа рече дека во исто време „на шесто место сме според бројот на луѓето кои што го загубија својот живот поради неспособноста на нашата влада да се справи со ковид - пандемијата".

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на крајот нагласи дека „одговорноста за смена на власта е кај опозицијата.

„Јас со таа одговорност заспивам и се будам, и ќе продолжам да се борам. Но воедно секој од вас треба да знае дека секој еден е важен во оваа борба за нашата Македонија. Од секој еден Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак и сите останати да ми простат што не ги наведов, е важна иднината на нашата Македонија. Мафијата мора да биде на колена, поразена, и спроведена пред лицето на правдата", рече Мицкоски.

Тој нагласи дека се потребни 61 пратеник за да се закажат предвремени избори и дека партијата работи да обезбеди толкав број на рпатеници.

„Кога ќе имаме мнозинство од 61 пратеник, ќе ја информираме македонската јавност“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе