Мицкоски: Ковачевски и Бучковски немаат легитимитет да преговараат за идентитетот на македонскиот народ

Слави Трифонов е еден од главните промотори и македономрзци промовирани во јавноста, а Ковачевски нема летимитет да преговара за идентитетот на македонскиот народ. Tреба да се слушне гласот на народот во преговорите со Бугарија, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред Соборниот храм во Скопје на новинарско прашање во врска со предлогот на Трифонов да се симне бугарскиот визен режим од САД за деблокада на македонските европски интеграции и преговорите со Бугарија.

„Во неколку денови имаме неколку различни изјави од комедијантот Трифонов, неколку денови гледаме како останатите коалициски партнери во Владата го демантираат, немам што да дадам дополнително како коментар на изјавите на комедијантот Трифонов, кој што е еден од главните промотори и македономрзци промовирани во јавноста во изминатиов период“, истакна Мицкоски.

Тој во однос на посетата на бугарскиот премиер Петков во Скопје и очекувањата од истата истакна дека нема официјална потврда и информација за таквата средба, а очекува решение кое нема да одлучува за идентитетот на македонскиот народ и ќе биде во немилост на нелегитимен премиер и на авантурист преговарач како Бучковски.

„Очекувам да се слушне гласот на македонскиот народ, на најголемата политичка партија во Македонија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, која има најголема пратеничка група во Собранието, од определени гимнастики познати на јавноста е за жал во опозиција, а со најголем број градоначалници и советници, политичка партија која го депласираше СДСМ на последните локалните избори, а како што стојат мерењата на јавното мислење ќе го депласира и на наредните парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека мандатарот кој ќе го предложи составот на новата влада нема легитимитет да преговара во името на македонскиот народ за неговиот идентитет, а уште помалку авантуристот Бучковски да дава ветувања и да ја гази преговарачката позиција која со години е градена.

„Очекувам не само од Петков, туку и од сите оние кои го фасилитираат процесот да го слушнат гласот на народот и на најголемата политичка партија, која има што да каже по ова прашање“, истакна Мицкоски во денешната изјава.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе