Мицкоски: Kолку повеќе коленичат Заев и СДСМ, толку поголеми се бугарските барања

Оваа влада предводена од Зоран Заев и СДСМ е влада која сериозно го загрози евроинтегративниот процес на Македонија со авантуристичката политика која ја води во дипломатијата и за жал се наоѓаме сега во оваа ситуација.  Народот ова не го заслужува, туку заслужи да почнат преговоригте со ЕУ, бидејќи само тоа е начинот да докажеме дека сме компетативни и дека заслужуваме место на иста маса рамноправно со земјите од ЕУ, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски истакна дека националните отстапки кои се на понуда од Заев и оваа влада, гледаме дека немаат крај , бидејќи и барањата на нашиот источен сосед исто така се големи и практично се резултат на авантуристичката политика која ја има нашата влада изминативе години.

„Сега има нови предлози за преговори од 6 месеци, нови разговори на ниво на комисии, но никој не ја кажува вистината, а вистината откако поинаку беше протолкувано на новиот бугарски премиер ја кажаа неколку бугарски политичари меѓу кои Џамбаски кој  е најголем македономрзец на Балканот и тие кажаа што лежи позади блокадата. Тоа е дека ја сметаат Македонија за втора бугарска земја и дека се додека не биде делумно или целосно усвоена бугарската резолуција ние нема да добиеме можност да почнеме преговори со ЕУ, рече Мицкоски.

Тој додаде дека се останато е авантуризам и нарушување на преговарачките позиции, колку повеќе коленичат Заев и Османи, толку поголеми ќе бидат барањата на нашиот источен сосед.

„Не е европска вредност и дипломатија ако коленичите, туку треба да покажете став и да се држите до црвените линии. Треба да работите и дома да има ниско ниво на криминал, а не да ви фаќаат по еден тон дрога како се шверцува, да може да има инвестиции, економија која оди напред, компетативно образование, реформиран здравствен систем“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на една изборна единица истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за демократијата и демократските процеси во земјата вклучувајќи ја и темата за изборниот модел, а политичките партии треба да покажат определен квалитет.

„Ние сме го кажале нашиот став и по ова, ќе повторам ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара на секоја тема, посебно кога станува збор за демократијата и демократските процеси во нашата Македонија. Сушнав дека неколку пратеници гласно зборуваат за реформа во изборниот модел и ние сме тука, подготвени сме да разговараме, да го видиме тоа на маса, да видиме која  е замислата, една, три, да остане истиот модел, со цензус, колкав би бил тој цензус и така натаму, има некаков изборен праг бидејќи знаете демократијата нема да добие ако поединци влезат во парламентот и пратеничкото столче го користат како што бевме сега скоро сведоци за еден таков пратеник за себе пазарење и за непринципиелни прифаќања на понуди кои што се случија изминатиот период би рекол и години, започнувајќи со онаа трговија за време на уставните измени. Така што да покажат треба политичките партии некој определен квалитет, да има определен праг, подготвени сме да разговараме зошто да не“, нагласи Мицкоски.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе