По сведоштвото на тетовец за смртни закани

Мицкоски: Кој сака да ја убие вистината за мувлосаниот здравствен систем?

По сведоштвото на тетовецот Ибин Емшиу, кој вели дека добивал смртни закани откако изјавил дека му биле барани пари за нега на сега покојните  татко и братот, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, нарекувајќи го здравствениот систем „скапан и мувлосан“.

Во соопштението на Мицкоски се вели:

„Сведоштво дека во изгорениот ковид - центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент.
Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.

Прашањето е кој се заканувал?

Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара?

За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност.
Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери“.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе