Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Ќе учествуваме на лидерска средба кај претседателот ако добиеме официјална покана

„Недобивањето датум е лоша и непосакувана вест за Македонија, и државата влегува во разочарување. Ваквата одлука е пораз, но не на македонскиот народ и граѓаните, туку на политиките на Зоран Заев и на оваа власт“, рече денес на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Оправдано е чувство дека таа политикa на втурна во бесконечен круг на отстапки за на крај да се врати со неуспех. Македонија има пријатели во Европа и ЕУ е наша стратешка цел. Нема датум зошто нема реформи, зашто народот живее тешко, криминалот царува со системот. На народот му е преку глава од политиканство и надмудрување меѓу партиите. Времето покажува дека сме во право. Штетата е веќе направена. Не почнувам битка во лов на виновници. Не треба време за тоа, на народот му е јасно и се гледа. Ова не е крај туку почеток на промените кои мора да се случат. Оваа власт ќе биде заменета и ќе потоне во заборав, народот бара и посакува предвремени избори исто како и јас. Колку и да се противи власта избори ќе дојдат а ќе дојде и политичкиот крај на Заев", истакна Мицкоски во своето обраќање.

„ВМРО-ДПМНЕ останува принципиелна и ги повикува граѓаните да застанат рамо до рамо во одбрана на иднината. Секој што сака да се приклучи е добредојден. Да почекаме да видиме што ќе се случува во деновите што следат а потоа ќе следат и чекорите на ВМРО-ДПМНЕ. Заев требаше да си поднесе оставка многу порано, ќе влезе во историјата како еден од најнеуспешните премиери кои нанесол најголемо зло", додаде Мицковски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ реше дека повикал на лидерска средба на државниот врв за да се разговара со отворени карти, чесно, искрено зашто граѓаните тоа го очекуваат од нив и дека е разочаран од секојдневните политики.

„Кој повикал прв е неважно, туку да излеземе со јасен план и да им дадеме на граѓаните оптимизам. Јасен план без калкулирање и политиканство, нема време за губење треба време за акција. Дали средбата ќе биде зашто јас сум повикал или јас ќе бидам повикан е помалку важно. Треба да добиеме официјална покана , ќе учествувам на таква средба. Не е потребно потпишување само договори, туку многу реформи", дополни Мицкоски.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе