Мицкоски на прес-конференција која почна додека е во тек владиниот онлајн отчет за сработеното во првите 100 дена, рече дека изминатите 100 дена се 100 дена на загубена иднина, загубена економија, загубена правда, загубена вистина, загубени животи, загубено достоинство и атакуван идентитет.
„Ова се 100 дена на загубени штедни влогови, упропастена банка, загубени пари, илјадници загубени работни места, загуби за земјолците, бизнисот, загубени инвестиции. Ветуваа живот, а по изборниот инженеринг составија Влада со ветување – можеме повеќе и подобро, а за само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ и влеговме во рецесија, поскапе струјата, се загубија животи поради неспособност да се манаџира здравството“, истакна Мицкоски.
Според него, сегашната Влада не може да ги менаџира ни економијата, образованието и надворешната политика. Нема ниту еден капитален проект, гасификацијата доцни, а повеќето граѓани живеат со по две евра на ден.
И не само тоа, туку и многу лажат, тоа е за нив секојденвие. Нормална држава овие работи не би издржала, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој појасни дека ако не ја гледа улогата на претседателот Стево Пендаровски за лидерска средба бидејќи тој не е претседател на политичка партија.
„Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во лидерска средба бидејќи тој не е претседател на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичките партии и ние, политичките партии да разговараме за нешто тогаш се знае, треба да седнат политичките паритии. Се знае кој треба да ја свика таа лидерска средба. Ние неколку пати до сега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да, стојам на располагање. Но на еден таков формат свикан од Пендаросвки, не нема да ушествувам. Ако Владата ја свика лидерската средбата, да, ќе учествувам“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.