ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Ќе поднесеме амандмани за да го направиме Законот за употреба на јазиците европски

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на Законот за употреба на јазиците, кои пред сѐ ќе ги содржат забелешките од Венециската комисија и ќе бидат во согласност со Уставот на Македонија. Еден неуставен закон да го направиме уставен, во духот на европските практики содржани во забелешките на Венециската комисија, рече на денешната конференција за медиуми претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Никој во оваа држава да не се чувствува оштетена страна. И затоа овие амандмани треба да бидат поддржани од власта, од Заев и од коалицијата што ја предводи, со што ќе се демонстрира зрелост, но и само така да се покаже дека нема да има компромиси со правото. Во спротивно, ќе се одбере популизмот, во надеж за нови измами, без дела“, изјави Мицкоски.

За Законот за употреба на јазиците, Мицкоски потсети дека постојано укажувал оти секој закон е исклучително важно да биде во согласност со Уставот и да е во функција на владеењето со правото.

„Наспроти тоа добивме закон кој е правна дивоградба. И тој е таков затоа што пред сѐ Зоран Заев манипулираше со чувствата на граѓаните и сакаше гласови со измама и тоа од Албанците. Значи тој беше спремен на компромис со правдата и правото само за да добие глас повеќе. Ова е тема со која Заев сакаше да ги прелаже Албанците во негов стил, за да ги добие нивните гласови, иако ние укажувавме дека законот освен тоа што е противуставен е и неспроведлив и не помага никому. Само нѐ внесе и нѐ заплетка повторно во нова дебата на стара тема во која има многу емоции и национални чувства, а особено имајќи предвид со кого имаме работа, за очекување е тие да бидат злоупотребени во текот на изборите“, рече Мицкоски.

Тој содаде дека во ова не помагаат изјавите кои се контрадикторни и политикантски, почнувајќи од оние на премиерот, па потоа целосно спротивните на вицепремиерката, со кои се демантираше Заев, додавајќи дека ќе постигнеле коалициски став, а особено што таков став не ни треба, кога се знае дека нема компромиси со правото и Уставот, и дека единствениот став мора да биде дека сето ова треба да е правно издржано и применливо.

Прашан дали очекува поддршка на амандманите од страна на албанските политички партии, Мицкоски рече дека за тоа треба да одговорат тие.

„Доколку навистина сакаме владење на правото и на правдата, ако сакаме да имаме правна држава, а не да правиеме компромиси со законите и со Уставот на сметка на политиканството и останатите политики кои гледаме со тек на време како ни се трескаат од земја и се на штета на сите граѓани, тогаш сите политички партии во државата е потребно да ги поддржат амандманите кои ќе ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе