На прес-конференција

Мицкоски: Ќе му објаснам на Рикер кој игра политички игри, тој ќе донесе правилна одлука

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска побара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“, како и за директна или индиректна поврзаност на останатите обвинители, но и со псевдонимите за кои, како што наведе, јавноста има сознанија дека се дел од врхушката на СДСМ.

На денешната прес-конференција Мицкоски најави дека ќе изработат сопствено законско решение за јавното обвинителство кое, според него, ќе се темели на вистинските темели и бескомпромисна битка против криминалот и корупцијата.

Осврнувајќи се на Законот за јавно обвинителство, Мицкоски рече дека со предлогот на СДСМ, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да биде унапредена во републички јавен обвинител, а останатите обвинители од Специјалното јавно обвинителство да бидат преземени од новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да се формира.

„Ова е грубо кршење на Законот за СЈО кој предвидува овие обвинители по завршувањето на мандатот да се вратат во матичните обвинителства. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е овие обвинители по престанокот на мандатот да се вратат во матичните обвинителства“, изјави Мицкоски.

Во однос  на предметите на СЈО, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е сите предмети до 30.06 2017 година, наместо да бидат преземени од новото обвинителство, да бидат преземени од државниот јавен обвинител и прераспределени онаму каде овие дела припаѓаат.

Коментирајќи ја изјавата на помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, кој денеска ѝ порача на опозицијата да престане со играње политички игри, Мицкоски рече дека на средбата подоцна со Рикер ќе му објаснел кој е тој кој игра политички игри.

„Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат, слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука“,рече Мицкоски.  

Претходно, Рикер на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев порача опозицијата да престане да го кочи процесот на изгласување на Законот за јавно обвинителство.

„Никаде не слушнав дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи овој текст предложен од Владата. Рикер ниту во еден момент не рече дека опозицијата треба да се однесува по принципот земи или остави. Искусни дипломати не размислуваат како Заев кој сака да наметне едноумие. Не постои друга поконструктивна улога на опозицијата од оваа што ја игра ВМРО-ДПМНЕ. Треба да се отвори прашањето дали Владата е конструктивна“, рече Мицкоски.

Тој ја коментираше и изјавата на Заев дека ќе треба да се изнајдат непосакувани начини доколку Законот за СЈО не биде изгласан во Собрание.

„Заканите се карактерна особина на човек што не знае што прави, јас само така можам да го искоментирам неговиот настап. Се сложувам дека треба да се донесе секој реформски закон, но тоа треба да биде согласно законите и Уставот, не да носиме закони кои ќе бидат алатка на политички елити, за амнестија на нивниот криминал“, изјави Мицкоски.

Фото: МИА

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе