Предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Ќе го испитаме потеклото на имотот на политичарите, јас прв ќе се пријавам да се испита мојот имот

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Маврово – Ростуше истакна дека претстојниот период е предизвикувачки и дека граѓаните треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат дали во понижена, ограбена и криминална или во земја каде ќе се гради иднината на идните поколенија. Мицкоски истакна дека 15 јули е шанса граѓаните да си ја вратат државата на правите патеки со глас за ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ и да се направат проекти за секој граѓанин од програмата „Обнова“.

„Пред нас е исклучително предизвикувачки период. Најпрвин имаме околу 10 дена кампања што ни преостанаа и 2 дена молк до денот кога ќе треба да излеземе и да одлучиме во каква Македонија сакаме да живееме. Дали оваа Македонија која што е понижена, омаловажена, опљачкана каде што граѓаните се чувствуваат во сопствената држава граѓани од втор ред, каде што срамот, декаденцијата и поразите се секојдневие или Македонија која што ќе биде татковина за сите без разлика нивната етничка, без разлика на нивната политичка припадност, верска определба или политичка неопределба. 15 јули е денот кога треба да ја избереме иднината за нашите деца за поколенијата кои што ќе дојдат по нас но истовремено ќе треба и да го обелиме образот на нашите предци кои што животите ги дале за ова денеска што ние го живееме“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека политичарите за да бидат пример треба да почнат од себе и да го почитуваат Уставот и законите. Исто така Мицкоски предочи дека мора да има силен правен систем кој ќе проверува потекло на имот на политичарите и да се почне од него па потоа со сите политичари вклучително и Зоран Заев и да се истражи како е возможно со политичка професија да се градат хациенди, станови и да се возат луксузни автомобили. Ќе провериме од прв до последен, посочи Мицкоски.

„За да биде подобра нашата држава овој пат политичарите треба да почнат самите од себе. И затоа јас велам правда, почитување на законите, почитување на уставот и тоа да биде безусловно. Затоа што без правна држава, без да бидат почитувани законите нема да има ниту добра економија, ниту добра здравствен систем, ниту добро земјоделие, ниту добро образование нема ништо. Прв и основен столб денеска на една модерна современа држава е да има функционален правен систем. А за да има функционален правен систем треба да почнеме од почеток. А ја велам еве почнете од мене, јас првиот ќе бидам доброволец кој што ќе се пријави во новата владина соодветна агенција да го провери неговиот имот и имотот на неговото семејство. На моето семејство, да провериме дали соодветствува со моите приходи, дали можеби нешто сум подскрил, дали имало нешто алашвериш. Ако има подготвен сум да одговарам. Ама втор ќе биде Зоран Заев па и неговото семејство ќе го провериме. Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го крадел сопствениот народ и кој се богател на маката на народот. Сите политичари да докажат од каде им е стекнат капиталот. Да видиме како е тоа возможно да се градат хациенди, станови да се возат скапи возила, да се летува на јахти во монденски зимовалишта. Се ќе провериме од првото до последното“, појасни Мицкоски.

Кажа дека ВМРО–ДПМНЕ со своите експерти и во соработка со граѓаните и нивните идеи има програма кога нуди 1.000 проекти кои ветуваат 25 % просечни плати, 20 % поголеми пензии во еден мандат, 640 милиони субвенции за земјоделците, унапредено образование со најмалку еден универзитет во првите 1.000 на Шангајската листа, најнизок данок од 8 % , 1.000 км нови патишта и т.н. Мицкоски увери дека во обновата има политики и проекти буквално за секој граѓанин.

„Предвидовме минимум 25 % повисоки просечни плати за еден мандат со јасна методологија и јасен алгоритам како а не гола реторика и филозофија. Таму во програмата предвидовме до 20 проценти поголеми пензии во еден мандат, предвидевме 640 милиони евра во еден мандат субвенции за земјоделците, таму предвидовме најмалку 1 универзитет во првите 1.000 според листата на Шангај а сега немаме ни во првите 2.000. Предвидовме најнизок данок за работодавачите од 8 % во Европа, предвидовме 0 данок за луѓето до 29 години. Најмалку 1.000 км нови реконструирани локани и регионални патни правци. Предвидовме во нашата преодна стратегија 18 % ДДВ за угостителите до крај на 2021 на го намалиме на 10 %. Предвидовме ослободување од онаа симболична помош за месеците април и мај и продолжување на истата до август. Има 1.000 проекти и политики буквално за секого“, рече Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на 15 јули да излезат во што поголем број и препорача да се почитуваат сите здравствени препораки пропишани за денот на гласањето и да го заокружат бројот 14 за држава спротивна од таа што на нуди Заев а тоа е понижена , држава на лаги криминал и корупција туку за Македонија горда, достоинствена и економски просперитетна.

„На 15 јули рано наутро од 7 часот да се заштитиме најпрво а потоа рамо до рамо еден по еден да излеземе и да го заокружиме реден број 14 бројот пред името на маестро Дурловски бројот што ќе донесе историска најголема победа за коалицијата „За Обнова на Македонија“ која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Јас ве повикувам на 15 јули тоа да го сторите масовно. За онаа втората не онаа понижената, излажаната, омаловажената Македонија туку онаа втората горда, достоинствена чесна, честита каква што е Македонија земја на домаќини, домаќинки чесни, верни луѓе, не Македонија на неранимајковци, луѓе кои што не ја говорат вистината“, истакна тој.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе