Предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Ќе дадам се од себе да ја сменам реалноста со штетните договори со Грција и Бугарија

Нашиот став кон тие прашања ако конкретно алудирате на тие два договори сме го кажале многу пати во минатото, апсолутно ниту имам што да додадам, ниту што да одземам од тоа прашање. Истовремено на многу мои настапи во изминатиов период сум го кажал и последниот наш став, а тоа е поврзан со сето она кажано во минатото дека ние би биле лицемери ако кажеме дека ја игнорираме реалноста", истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на емисијата „Топ Тема".

Тој додаде дека не може да се игнорира реалноста бидејќи се учествува на избори, и си дел од влада каде што за жал постои новата придавка на името. Вели, би бил лицемерен доколку пред избирачите и пред граѓаните каже дека тоа не е така и граѓаните на тоа сигурно би прашале зошто тогаш учествува на избори.

„Моето демократско право е ако со нешто не се сложувам дека ќе се трудам да дадам се од себе за да променам таа реалност ако за нешто ценам дека е ускратено моето елементарно право, ако ценам дека може да биде подобро“, нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека никогаш нема да се согласи дека Гоце Делчев бил нешто друго, а не Македонец. Не може да се согласи и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарски.

„Не може да се исполнуваат ставки од договорот со јужен сосед предвреме. Нема да се согласам да се откажам од своите сонародници кои живеат во соседните држави“, рече Мицкоски.

Во врска со изградбата на едно општество за сите, тој истакна дека идејата да се презентира едно општество за сите завршила во моментот кога била видена Луј Витон чантата.

„Сфативме дека сите овие политички флоскули завршија спакувани во една чанта“, истакна Мицкоски во своето гостување на телевизија Телма.

Мицкоски посочи дека ако денеска некој се обидува етнички да ги мобилизира граѓаните, според него тоа е суштинска грешка затоа што сите без разлика на етничките разлики, без разлика на верските разлики сите буквално имаат ист проблем.

„Ние не им е проблемот дали се Македонци, Албанци, Роми, Власи, Срби, Турци, Бошњаци. Да, тоа тие го чувствуваат и тие се горди на својата етничка припадност. Но, суштинскиот проблем е лошиот живот, економијата, корупцијата, тоа е суштината“, порача Мицкоски.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе