Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Кастриот Реџепи е новиот Амди Бајрам

Реџепи е новиот Амди Бајрам, изјави за ТВ 21 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето како го коментира пишманењето на пратеникот од Беса Кастриот Реџепи, кој донесе одлука да не гласа за паѓање на Владата.

Мицкоски, кого новинари го затекнаа како доаѓа во Собранието, „од нога" рече дека Кастриот Реџепи е новиот Амди Бајрам. Потоа, додаде: „Нека му е лесна земјата" (за Бајрам).

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека доаѓа од факултет каде имал предавања и рече дека сѐ уште не ги знае сите детали поврзани со седницата.

Инаку, Реџепи денеска не се појави во Собранието на Македонија, со што бројот на пратеници кои ќе гласаат за паѓање на Владата се намали на недолволни 60 гласови.

Реџепи преку својот Фејсбук профил напиша дека решил да не доаѓа во парламентот зашто на прво место му е интересот на народот и на државата.

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе