За 24 Анализа

Мицкоски: Јавноста ќе мора да почека до 30 септември за да го види мојот став за референдумот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски демантира дека со својата порака на прес-конференцијата за партискиот став околу референдумот повикал на тивок бојкот, но повторно не го откри својот став. 

Во емисијата 24 Анализа на ТВ 24 Мицкоски рече дека јавноста ќе мора да почека до 30 септември за да види дали тој ќе бојкотира или ќе гласа на референдумот.  

„Ќе мора да причекате до 30 септември и да го видите мојот став. Дали Христијан Мицкоски ќе излезе или нема да излезе на референдумот во овој момент воопшто не е важно. Важно е дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не води кампања за овој капитулантски договор. На овој референдум, овој таканаречен договор не е дел од референдумското прашање, туку прашањето е трозначно, манипулативно и има задача да внесе забуна кај граѓаните”, изјави Мицкоски.

Тој уште кажа дека се повлекол од изјавата дека ќе гласа против договорот поради манипулативното референдумско прашање.

Мицкоски во интерјуто тврдеше дека не се пазари за амнeстија за поранешниот премиер Никола Груевски и ако добие таква понуда, а за возврат да треба да даде поддршка на референдумот, нема да ја прифати.

„Не знам на што би се однесувала таа амнестија. Но, ќе ви одговорам, ќе одбијам. Но, не знам за што би била таа амнестија, за никој од нив нема правосилна пресуда. Ние како ВМРО-ДПМНЕ и нашата анализа и анкети и водени разговори со граѓаните, донесеовме одлука на граѓаните да им понудиме одлука најдемократска на свет, сами да одлучат како да постапат на референудмот. Централниот комитет едногласно му даде легитиметет на овој став”, рече Мицкоски.

На прашањето дали се плаши од раскол во партијата Мицкоски вели дека не се плаши ниту, пак, има индиции за такво нешто, туку дека има голема поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој не одговори дали ќе си поднесе оставка од претседателската функција доколку власта добие поддршка за Договорот од Преспа, туку рече дека ВМРО-ДПМНЕ и тој ниту биле дел преговорите за него, ниту некој ги прашал за референдумот и референдумското прашање. 

„Легитимитетот на еден политичар е под знак на прашање на парламентарни избори”, изјави Мицкоски. 

 
 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе