Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на протестот пред Собрание

Мицкоски: Какви реформи, какви бакрачи, пазар за името и идентитетот е целата оваа операција

„Јас сум против промена на името, не затоа што сум против ЕУ, туку затоа што си ја сакам Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред Собранието на Македонија. Вчера тој им се придружи на протестите против уставните измени. Тој вели дека Договорот за името е штетен и дека како партија ќе сторат сè што е во нивна моќ, тој Договор да не се случи.

„Ќе остане запишано дека оваа неправда на нашиот народ денес ја прават оние кои ветуваа живот, ветуваа брда и долини, оние кои ветуваа се и сешто само за да се доберат до власта, измамнички, шверцерски, криминално и за да го направат тоа што се обдуваат да го прават денес. На власт се доаѓа со работа, со труд и посветеност, но не и Заев, не и СДСМ, нив билетот за останување на власт им е оваа промена на име и идентитетот. Ама тој билет не е за народот, туку за власта, неколкумина кои ја запоседнале фотељата дадена од народот и се однесуваат како да им е земена од дома и прават се само истата да ја задржат.“, рече Мицкоски. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека околу пазарот за името и идентитетот, си изгласаа измени на Кривичниот законик, ама славината се пушти таман за да поминат оние делови од кривичниот законик кои им вршат работа на неколкмината пратениците или оние кон кои тие се лојални за да им ги гласаат измените и се намалат казните или паднат случаите.

„Какви реформи на Кривичен законик, какви бакрачи, пазар за името и идентитетот е целата оваа операција. Треба на сите да им е јасно. Згора на тоа се отвора Пандорината кутија со етнички барања на останатите заедници кои што живеат во Република Македонија. Етнички барања на Албанците или попросто кажано нема некој што не уценува кога знаат дека си имаат работа со најголемиот уценувач и блефер чие што име е Зоран Заев. И тука има друга позадина. На Заев му е совршено јасно дека драматично губи кај македонскиот народ и останатите етнички заедници, па се обидува преку една блеферска игра суштински непомагајќи им ниту на Албанците кои подеднакво лошо живеат како и Македонците , Србите, Бошњаците, Турците, Власите, Ромите и останатите. Суштински непомагајќи им се труди да протне некое барање сега или во скора иднина со кое ќе им се додвори затоа што избори доаѓаат и ќе треба повторно да тргува со нивните гласови. Но и тоа е обичен ветар и магла затоа што за подобар живот треба повеќе работа, а не промена на име и идентитет на Република Македонија и на македонската нација. Јас сум против промена на уставното име, не затоа што не ја сакам Европската Унија, таму сум поминал дел од своето школување, сум бил стипендист на две европски влади, туку затоа што ја сакам Македонија. И нормално дека патот кон Европа е природниот пат за Македонија и дека тоа е целта кон која мора реално да се движиме, но со овој човек на власт ние сме се подалеку секој ден и секој изминат час. И во овој еден од низата црни денови за Македонија власта спинува со безброј дезинформации затоа што сакаат да поверувате дека еден бил изборот кој мора да се направи за да сме напредувале, а знаете дека во суштина изборот е помеѓу кариерата на Заев или иднината на Македонија. Во таа борба ние ја одбираме Република Македонија.“, дополни Мицкоски. 

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе