„Вистината за пожарот во Тетово мора да се дознае”

Мицкоски: Јас ќе претрпам политичка штета, ама ќе поднесеме ново барање за анкетна комисија со „Северна”

Анкетна комисија за пожарот во Тетово може и треба да се свика веднаш, ако власта има сериозна намера и ако вистински сака, а ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да поднесе ново барање, со употреба на придавката „Северна”, па дури и поцена на политичка штета само за да се утврди вистината, изјави денеска претседтаелот на партијата, Христијан Мицкоски. 

Вистината за несреќата во Тетово, како што рече, мора да се знае, а виновниците мора да се казнат.

Мицкоски повторно ја обвини власта дека го сменила Законот за градба и дозволила модуларната болница во Тетово да се постави „на диво” и за тоа не се потребни меѓународни истраги, ниту да доаѓаат комисии од „ваму или од таму”, зашто, како што вели, работата е едноставна, постапката е управна, а процедурата промашена.

„Комисијата требаше да биде формирана пред два дена. Но, еве, јас нека бидам тој што ќе претрпи политичка штета. Што сега, форма ќе бараме? Зошто не сме ја користеле новата придавка? Еве, ќе поднесеме ново барање, ние нека ја трпиме таа политичка штета, јас лично, само нека се открие вистината за 14-те загубени животи и да има одговорност. Ова се локални, а не парламентарни избори. Нема законска необврска да се закаже комисијата. Сосема друго е тоа што спикерот Џафери рече дека веќе нема да закажува седници. Тоа значи дека тој така одлучил, а така одлучил зашто мисли дека на тој начин ќе заштити дел од рејтингот на неговата партија и коалицискиот партнер”, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања пред средсбата со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Откако обвини дека на власта тендерите и се поважни од тоа што се случува во здравството, додаде дека одговорноста за несреќата во модуларната болница треба да се бара по вертикала – кој сето тоа го дозволил, а според него, се е направено од страна на одговорните.

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе