Мицкоски ја повика целата опозиција да се обедини за да го поразат Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната годишна конференција на УМС во Битола ги повика сите опозициски партии и сили да се обединат за да го поразат Зоран Заев.

„Излезот е победа на обединет опозициски блок. Имаме разлики во опозицијата, ама целта ни е иста. Пораз на Заев и вадење од катастрофата на Македонија. Во изминатиот период имав контакти со повеќе лидери и партии и чувствувам силно опозициско расположение и еве тука, од Битола, во име на ВМРО-ДПМНЕ подавам рака кон секоја опозициска партија и сила, да ни се приклучат. Ако целта ви е промени на власта, пораз на мафијата на Заев, СДСМ, тогаш сте добредојдени со нас”, изјави Мицкоски.

Според него, опозицискиот блок најдобро ќе ги штити државните интереси, ќе се бори за економски прогрес и ќе ја победи мафијата. 

„Сега повеќе нема никакви изговори, ова е моментот за обединување и подавање на рака. А сите тие кои ќе останат надвор и кои ќе се колебаат, бараат изговори или спротивстават на обединување се оние кои служат во скутот на Заев и се инсталирани од власта за да ја слабеат опозицијата. Многу јасно и прецизно ќе се видат кои се тие. А опозицискиот блок, обединетата опозиција ќе ја собори власта. Овде се работи за нашата иднина и за иднината на сите. Се работи за иднината на нашата Македонија”, порача Мицкоски.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе