ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Избори 60 дена по завршување на вонредната состојба

Јас сум завкомпромис, ама не прифаќам ултиматуми каков што е ултиматумот на Зоран Заев за избори на 21 јуни. По завршувањето на вонредната состојба, што очекувам да се случи на 30 мај, треба да поминат 60 дена до одржување на изборите, што се совпаѓа со термините што ги предлагаме, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е легитимна уредбата на Владата, врз основа на која СДСМ тврди дека треба да се одржат избори на 21 јуни, доколку не биде продолжена вонредната состојба, која завршува на 30 мај. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев не гласал за уредбата со која беа стопирани изборните дејствија“. Мицкоски рече дека при првото прогласување на вонредната состојба во земјава опозицијата не била против затоа што се наметнала потреба од одложување на изборите, поради ситуацијата со коронавирусот. 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе