Мицкоски: Изборен модел со 120 изборни единици и со еден изборен круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложи денеска изборен модел со 120 изборни единици и со еден изборен круг, така што во парламент би влегол тој што ќе освои најмногу гласови во првиот круг и истовремено го повика премиерот Заев на предвремени избори во март.

„Јас предлагам да прифатиме 120 изборни единици и да одиме на избори. Ако сакаат гласот да биде вреднуван и да имаме демократски избори предлагаме 120 изборни единици, оној кој во прв круг ќе освои најмногу гласови тој да биде претставник на граѓаните во парламентот“.изјави Мицкоски.


Посочи дека за изборниот законик се уште не се одржани никакви состаноци на ниво на меѓупартиски комисии и повторно повика да се одржат предврмени парламентрани избори.

„Би било мудро за Заев да го прифати барањето за предвремени парламентарни избори во март. Сега во октомври ќе се одлучува дали ќе добиеме датум за преговори, или нема да добиеме датум, или ќе добиеме само условно меѓурешение. Ајде потоа да формираме техничка влада и да ги подготвиме институциите. Само така ќе можеме да провериме дали блескаме, или блеска криминалот“, истакна Мицкоски.

На новинарското прашање во однос на тоа, дали е можно законoт за ЈО воошто да не биде донесен, Мицкоски нагласи оти не верува дека од страна на СДСМ постои искрена желба да се постигне договор.

„Јас не верувам дека постои искрена желба да се постигне договор од страна на СДСМ, особено не сега, неколку месеци пред парламетрани избори, бидејќи тие на овој начин, пред нивните симаптизери,имаат една реторика. Велат, еве ги префрливме предметите од таму, ќе видат сега овие од ВМРО, наши се обвинителите, наши се судиите, ќе ги притиснеме и ќе ги однесеме таму каде што им е местото“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираше дека СДСМ ги става партиските интереси над државните.

„До денеска македонската јавност не го виде писмото од Клатица Јанева. Кој било што се занимава со оваа тема, не го виде нотарот кој го потврди потписот на Јанева, не го виде судијата кој го одобри текстот на тоа писмо. Ние денеска имаме јавен обвинител кој издава согласности за застапување на предмети на лица кои немаат засновано работен однос во Обвинителството. Лица кои немаат засновано работен однос денеска прават класичен политички прогон врз политички неистомисленици. Тие лица ја ја држат во заложништво ВМРО-ДПМНЕ, го имаат замрзноато имотот на партијата“, рече Мицкоски.

 

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе