Се огласи на Фејсбук

Мицкоски: Имаме коалиција на криминалот, владата ќе трае пократко од претходната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук ја критикуваше коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ и напиша дека договорот меѓу Заев и Ахмети е договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата.

„Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот.

Замислете, истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте во Мавровка среде Скопје сега ќе управуваат со буџетот на сите. Ова е коалиција после која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа што тие не го воделе како што треба секторот финансии, ќе имаме нови порази во надворешната политика затоа што тие не го воделе МНР.

Дека нивниот коалициски партнер ‘5 пари не вреди‘, и дека е ‘канцер‘". А ова беа зборовите на СДСМ со кои го опишуваа ДУИ пред изборите, а сега кога власта е во прашање се фалат едни со други. Зошто? За власт, пари и личен комодитет. За одбегнување на одговорност, поради страв од правдата“, пишува Мицкоски.

Тој најавува дека следува период без реформи, но со кратења, поскап живот и ценовни шокови.

„Добиваме Влада без кредибилитет и без европска иднина. Македонија има многу проблеми и еден извор на тие проблеми, тоа е оваа антиреформска коалиција за заштита на криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. Ова е влада без кредибилитет, овој пат со пократок рок од претходниот мандат. И кога велат ‘можеме‘, им веруваме дека можат само во криминалот и корупцијата, ништо повеќе.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе