Без доверба во правосудството

Мицкоски: Имаме докази за тргувањето со гласовите на пратениците, но немаме доверба во Кацарска судството

ВМРО-ДПМНЕ поседува докази за притисоците кои Зоран Заев и власта ги вршеле врз пратениците на опозицијата со цел нивен глас за промена на името, изјави синоќа Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во Отвореното студио на ТВ Алфа.

Мицкоски рече дека дека трговијата со гласовите на пратениците е вршена директно или преку посредници и им се ветувани разни бенефиции.

На прашањето зошто тогаш ВМРО-ДПМНЕ не ги предаде овие докази на обвинителството, Мицкоски рече дека во овој момент опозицијата нема доверба во Кацарска судството и Рускоска обвинителството и истерување на правдата до крај.

„Да, точно е, ВМРО-ДПМНЕ има материјали што докажуваат како е вршена трговијата со гласовите на овие луѓе или директно или преку посредници. За да почнат судски процеси за ова мора да бидеме сигурни дека тие докази навистина ќе бидат употребени во насока на бранење на правото и излегување на правдината на виделина. Ние треба да имаме реформирано судство, а не Рускоска обвинителство и Кацарска судство. Судии и обвинители се снимани две години, никој не знае кој ги снимал, зошто ги снимал... Немаме едноставно доверба каде и кому да ги процесуираме овие материјали. Инаку, да, имаме докази од кои се гледа како преку посредници се нуди ова и она“, вели Мицкоски.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе