„Функцијата, тоа сум јас“

Мицкоски има „благо чувство на гадење“ од изјавата на Заев, вели одговорност мора да има

За пожарот во тетовската модуларна болница мора да има одговорност и оставка на надлежните, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Тетово, по посетата  на едно семејство од Нераште, кое загубило свој близок член во трагедијата во модуларната ковид-болница.

„Бевме кај семејството на една од тие жртви. Луѓето сè уште ги преживуваат тој хорор што се случи тој ден. Разговарав со двајцата синови на мајката, која е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеаја, пренесоа. Тоа што го слушнав е траорно, трагично и болно. Тоа што како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме е дека оваа работа ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да понесат одговорност,  без разлика дали таа е функционална или морална“, рече Мицкоски.

За изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема намера да поднесе оставка, Мицкоски смета дека премиерот се поистоветува со „функцијата тоа сум јас“.

„Навистина кога човек ќе се поистовети со функцијата и кога себе си ќе се интерпретира дека ‘функцијата тоа сум јас‘, во услови кога невини човечки животи згаснаа, е жално. Доколку тој човек не чувствува ни малку морална одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој заминел Мицкоски ќе биде премиер, навистина освен она благо чувство на гадење, нема што да кажам. Не очекувам објективна истрага, затоа што објектот немал дозвола за употреба. Не треба да имаш големо познавање за да знаеш дека таков објект не се пушта во употреба. Што повеќе од тоа“, изјави Мицкоски.

Според него, во Македонија се случуваат пречесто пожари, пречесто се случуваат порази кои што сега чинат и човечки животи.

„Ако не се понесе одговорност, ако нема веднаш оставки барем од тие кои што се надлежни и ресорни во овој случај, а тоа е министерот за здравство, ако немаме независна истрага, ако немаме истрага која што ќе даде одговор на многу прашања кои што јавно ги поставив, а тоа е како може објектот да нема против пожарна заштита, како може да нема давачи кои што ќе го мерат количеството на кислород во една просторија, како може да нема дозвола за употреба, а објектот да биде во употреба, и уште многу прашања кои што ги поставив, а за кои за жал сѐ уште нема одговори“, додаде тој.

Мицкоски, како што рече, апелира за „малку совест, за малку морално ниво, тие кои што се најодговорни да понесат веднаш одговорност за да не нѝ се повтори ова, а потоа преку една независна и темелна истрага да ги констатираме вистинските виновници, кои што ќе понесат и институционална одговорност“.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе