Мицкоски: Илинден е нашиот слободарски крик за правдини

Илинден е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг, вели во честитката по повод државниот празник 2-ри Август, Илинден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна, независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава. Нашата борба за слобода има константа, се крена илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата. А сега, сето ова е обврска која не задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната, се вели во честитката од Мицкоски.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ порачува дека треба да ги чуваме илинденските идеали од чија вредност, вели, како општество во овие мигови силно отстапуваме.

Европската Унија се уште е далеку од нашиот дофат пред се поради неисполнетите реформи, криминалот и корупцијата која силно го гризе секој дел од општествито. Сиромаштијата расте, а граѓаните не се среќни, иселувањето не престанува. Борбата за слобода е константа и таа продолжува. Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат, стои во честитката од Мицкоски по повод државниот празник 2-ри Август – Илинден.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе