Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Или консензус, или со петиција ќе го поништиме предлог законот за попис

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека доколку владејачкото мнозинство не го повлече предложениот Закон за попис и не се согласи тој да биде донесен со консензус откако ќе се спроведе јавна дебата со вклученост на општествените и политички фактори, дека ќе биде организирана петиција за поништување на тој закон. Доколку пак барањето на ВМРО-ДПМНЕ биде игнорирано и „биде спроведен политички мотивиран попис, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае неговите резултати“, нагласи Мицкоски. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика владејачкото мнозинство во Собранието на Македонија да го повлече предложениот Закон за попис на населението, за потоа да се организира јавна дебата со сите политички и други фактори поврзани со прашањето за организирање на попис, со цел, како што рече, преку консензус да се дојде до најдобро законско решение. Потребна нѝ е кредибилна статистичка операција, а не политички мотивиран попис, рече лидерот на најголемата опозициска партија.

Во спротивно, како што нагласи, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за собирање потписи за поништување на Законот за попис, оваа одлука, рече, е донесена вчера на седница на Извршниот комитет на партијата.

„Доколку владејачкото мнозинство не го повлече предлог-законот за кој го злоупотребија европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и ќе поднесе иницијатива за собирање на потписи за предлог-закон за поништување на нивниот предлог-закон што сакаат да се донесе по насилен пат. Доколку тоа биде игнорирано во парламентот, тогаш ВМРО-ДПМНЕ резултатите од овој попис нема намеера да ги признае, а идните раководители на институциите кои што ќе бидат избрани како предлог на ВМРО-ДПМНЕ резултатите од овој попис немаат намера да ги почитуваат", нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Иницијативата за собирање потписи за закон со кој ќе се поништи предложениот ќе биде доставена до сите подрачни единици на Министерството за правда.

Мицкоски ги повикува сите граѓани, без разлика на политичката, етничка, или верска припадност да се приклучат кон иницијативата, затоа што, како што рече, на Македонија ѝ е потребен попис преку кој ќе се добијат одговори на статистичките дилеми, „а не повторно попис кој што ќе биде политички и попис кој што нема да даде одговор на прашањата кои што ја засегаат македонската јавност“.

Тој оцени дека власта пласира невистина дека дополнителен трошок би претставувале терминалите за земање на отпечаток од прст бидејќи, како што нагласи, вакви терминали ионака треба да се набават затоа што земање на отпечаток е предвидено веќе на локалните избори според измените на Изборниот законик гласан од сите политички партии.

Мицкоски уште еднаш повика на одложување на пописот поради пандемијата со ковид-19, како што тоа го сторија Германија, Шкотска и Ирска, но како што нагласи, одложување за следната година ќе има и во Романија и Бугарија, во план е и хрватската власт тоа да го стори, а Србија пописот го одложи за крајот на годината.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе