Локални избори

Мицкоски и Села му одговорија на Заев: За исчистена Македонија од криминалци, тој во декември веќе нема да биде премиер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчерашниот митинг во Радовиш му порача на Зоран Заев дека тој веќе се разделил со многуте партнери, а по изборите веројатно „ќе му ја свират онаа песната „Побегуља" од Зона Замфирова. Одговарајќи на вчерашната изјава на Заев за партнерството меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива, и Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците вчера изјави дека проблемот на лидерот на СДСМ е дека тој од декември нема веќе да биде премиер.

„Го слушам Заев како вели дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се распаднела, како ќе имало развод на бракот и што ли уште не. За разлика од него јас нема да навлегувам во брачниот статус на неговата коалиција затоа што според неговата логика тој веќе се раздели со многу партнери од коалицијата, Либерално-демократската партија, ДОМ, БЕСА, делумно и со ДУИ, кај и да е после изборите ќе му ја свират онаа песната, се сеќавате „Побегуља“ од Зона Замфирова, кај и да е Зоне ќе му избега, а оној Мане кујунџијата и оној негов Манулач усвет има да фатат“, рече Мицкоски во Радовиш.

Тој посочи дека на Заев уште малку му остана апсолутна власт, а време е да си замине, затоа што на нивните митинзи нема да слушнете ниту збор за изминативе 52 месеци, затоа што се што ветија излажаа, рече Мицкоски.

Зборувајќи за обвинението за изјавата на премиерот Зоран Заев, Зијадин Села рече дека тој заборавил дека ги нарече „Албанците луѓе кои вредат пет пари“.  „Ќе му покажеме добро на тој премиер кој дојде во име на желбата за правда во име на владеењето на правото и правната држава, во име на борбата против корупцијата. Во име на соборување на режимот, а го изгради истиот режим и уште полош. Го гледате овој премиер секоја вечер, не поминува недела кога не се обидува да прикрие некој скандал, овој премиер ќе мора да знае дека денес има илјадници Албанци кои не го уживаат правото да учат на својот јазик, и јас кога кажам ова не е национализам, туку тоа е заштита на основните човекови права без оглед на етничката припадност што ја има. Додека тој што го забранува ова, е националист“, рече Села.

„Дали знаете каде му е маката? Тој се грижи затоа што заедно со неговиот партнер Али ќе ги загубат овие локални избори од Струга до Липково, и во Скопје и секаде, а во декември повеќе нема да биде премиер бидејќи ќе има нова влада, што ќе биде во рацете на албанските политички субјекти што се грижат за Албанците каде и да се“, изјави Села.

Мицкоски синоќа изјави дека дека не прави пактови со криминалците и измамниците и му порача на Заев дека е за исчистена Македонија од криминалци и измамници како оние на власт.

„Од овие локални избори зависат многу работи, сите поврзани со иднината на нашата Македонија, изборот е едноставен на овие избори или ќе продолжи корупцијата, криминалот, хаосот, немањето правда, стагнацијата на државата, експериментите во образованието, пропаѓање и нехуман однос кон земјоделците, предавствата или ќе создадеме сите заедно една нова, поинаква, различна и подобра иднина“, истакна Мицкоски.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе