Мицкоски поднесе тужба за клевета

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ лице в лице со СДСМ на суд

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски поднесе тужба против СДСМ за клевета за соопштение во кое владејачката партија го нарекува Мицкоски докажан криминалец и го обвинува за вмешаност во криминал од 136 милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во средата поднел тужба против СДСМ за клевета а во врска со обвинувањата дека е вмешан во криминал вреден 136 милиони евра во врска со изградба на пречистителна станива во Скопје, ја потврдија информацијата за МКД.мк од Основниот граѓански суд Скопје 2.

„До Основниот граѓански суд Скопје 2 е поднесена тужба за утврдување
на граѓанска одговорност за клевета од страна на тужителот Христијан
Мицкоски од Скопје против тужениот, политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија а заради објавено јавно соопштение од 2 октомври 2022 година на официјалната веб страница на тужениот со наслов „Мицкоски е докажан криминалец фатен со раце во медот, затоа ДПМНЕ фабрикува лаги за Ковачевски", информираа за МКД.мк од Основниот граѓански суд Скопје 2.

Во тужбата, меѓу другото пишува дека со наведеното јавно соопштение СДСМ изнела невистинити факти за Мицкоски, со што ги повредила неговата чест и неговиот углед. Мицкоски со тужбата особено реагира во делот од соопштението во кое, меѓу другото СДСМ обвинува дека, Мицкоски е "фатен
со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, додека Димитар Ковачевски чесно работи за граѓаните".

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека писмено ќе одговорат на прашањето што МКД.мк го испрати денеска до претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Ваквите обвинувања на СДСМ против Мицкоски дојдоа истиот ден (2.10.2022) кога МВРО-ДПМНЕ го отвори случајот „Броило" со кој тврдат дека премиерот Димитар Ковачевски е дел од криминална шема вредна 26 милиони евра а во врска со бизнис за производство на струја.

 

 

 

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе