Претседателски избори 2019

Мицкоски: И покрај притисоците, Македонија денеска ќе добие претседателка

После 5 недели кампања, меѓу првиот и вториот круг, по поминати повеќе од 13.000 километри низ Македонија, можам да заклучам дека денеска е денот кога граѓаните треба гласно да зборуваат со пенкалото во рака, позади гласачката кутија, изјави по гласањето Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали се ЗА ова секојдневие кое што денеска за жал е власт во Република Македонија предводена од Зоран Заев. Или пак сето она што ние изминативе 5 недели, изминатиот период исто така го зборуваме, а тоа е правдата која што треба да ја победи целокупната неправда која што денеска се случува во Република Македонија.

Навистина претставува еден свечен ден и покрај сите неправилности и нерегуларности кои што ги добивам денеска од терен имаме низа случаи во текот на денот и ќе има неколку вонредни прес конференции. Очигледно дека карактерот на властодршците на Зоран Заев не мируваат и сакаат на насилен пат да се избере претседател на Република Македонија. Имаме случаеви во Источна Македонија неколку истите денеска ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција им соопшти на јавноста во Република Македонија.

Но и покрај сите тие злоупотреби и покрај сите тие притисоци, и покрај сето она што се случуваше изминативе денови и поготово полициската опсада која што беше реалност во Охрид и Ново Село изминативе неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ  и Гордана Сиљановска Давкова ќе победат денеска. И Македонија денеска ќе добие првата жена за претседател“, рече Мицкоски.

 

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе