Мицкоски: Грешките кои ги направи Заев се историски

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју за порталот Нетпрес зборуваше за членството на Република Македонија во НАТО и потенцираше дека за да земјата стане членка на НАТО власта го промени името кое предизвика фрустрација и гнев кај граѓаните.

„Па, нам ни се смени името Македонија, за да станеме членка на НАТО, што предизвика голема фрустрација кај граѓаните и ги разгневи. Да не беше договарањето на институтот пратеник и парламент, да не беше Зоран Заев и институтот амнестија, тогаш, можеби, немаше на насилен пат да се смени името Македонија и ние повторно ќе бевме членка на НАТО. Но, тоа е што е, тоа е Заев. Треба да се бориме да ги исправиме грешките на Зоран Заев, историските грешки. Тоа се историски грешки. Тој самиот посебе е историска грешка. Тргнете од „Глобал“, кој што беше во пламените јазици, пренесети ги тие 13 години за Македонија. Поминаа четири години, ако на овој човек му се даде ден повеќе да раководи со Владата, Македонија ќе отиде во пламени јазици како што отиде „Глобал“, потенцираше Мицкоски.

Понатаму во своето интервју Мицкоски зборуваше и за тоа дека се чини дека Бугарија нема да остапи од сегашните условување за почетокот на преговори на Македонија со ЕУ и за тоа како ВМРО-ДПМНЕ би го решил спорот со Бугарија.
-Мислам дека употребната вредност на договорот којшто е потпишан за добрососедство, полека но сигурно минува. Затоа што, и тогаш алармиравме и сега алармираме, дека на таков акробатски, циркузантски начин потпишан договор во којшто Комисијата за историја, практично, и компромисот со историските настани се критериум за напредок во Европската унија и не гарантира членство во Европската унија. И, еве, се потврди, неколку години потоа дека сме биле во право. Навистина тоа било така. Така што, и сам посебе мислам дека тој договор има рок на важење од една година.Доколку политичарите кај нашиот источен сосед продолжат со негирање на македонската посебност, јазик, традиција, обичаи, историја, култура и т.н., тогаш навистина не гледаме која е додадената вредност на тој договор.

Затоа што тој договор, практично, нема повеќе употребна верност и мислам дека треба да седнеме и да разговараме за нов договор, во кој прв приоритет ќе бидат работите коишто ќе нѐ зближуваат, а не работите коишто ќе нѐ раздвојуваат. И тоа е практично, една од основните премиси на Аденауер и Шуман, кога ја создавале во тоа време Европската економска заедница. Практично, ние треба да зборуваме за она коешто нѐ спојува, за она за коешто можеме заеднички да разговараме и да напредуваме, а не за она коешто нѐ оддалечува. И тоа е единствениот пат, жесток би рекол притисок од Брисел кон овие неразумни, големодржавни, хегемонистички барања од нашиот источен сосед и тоа е начинот за да ние можеме да напредуваме и да докажеме дека сме дел од тоа европско семејство. Во спротивност, овој преседан може да прерасне во традиција и да се пренесе потоа, би рекол да метастазира, во рамките на целата Европска Унија и да преставува еден сериозен проблем за сите држави. Не само за оние земји аспиранти, туку и за земјите членки внатре во Европската унија, кажа Мицкоски.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе