Мицкоски: Граѓаните се свесни дека оваа реалност во Македонија мора да се промени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва оствари средба во граѓаните во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.

„Незадоволни се лекарите затоа што не ја добија платата од 100 илјади денари кои власта им ја ветуваше, незадоволни се таксистите чии горива постојано растат, стопанствениците кои се мета на рекет од власта и мора да плаќаат зголемени даноци“, истакна Мицкоски при средбата со граѓаните во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

При посетата во Аеродром Мицкоски  истакна дека секаде владее класична лага којашто и се случува на Република Македонија, на македонскиот народ, на македонската нација, но и на сите граѓани коишто се свесни дека оваа реалност во Република Македонија мора да се промени.

Тој додаде дека претседателските избори се првиот чекор на пад на оваа власт и дека  тие се чекорот до конечна смена на централната власт.

 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе