Мицкоски: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговата денешна преконференција, годината која ја најавуваа за економска е впрочен најтешката и најсиромашната за живот.

Според Мицкоски една од најголемите лаги на Зоран Заев и СДСМ за економијата се најавените 5% раст на БДП.

„Од денот кога се избрани заклучно со третиот квартал, тоа не е ни половина, односно не е ни 2,5 проценти. Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност. Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната. Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот. Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, имено во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%. Со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година“, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски ова се бројките кои ја покажуваат катастрофата во економија, тоа е показател дека се движиме во погрешна насока, а сето останато е само погрешна слика за економијата. Кога велат дека блескаме како економија според Мицкоски се работи за политички ПР или за класично незнаење од страна на власта.

Големата лага според Мицкоски е и ветувањето дека данокот на добивка на ИТ индустријата ќе го намалат за 5%, што не се случи.

„Наспроти ветувањата за повластувања за ИТ компаниите, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7 проценти“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7 проценти поголем од буџетот за оваа година.

„Катастрофална е и наплатата на данокот на добивка, имено во период јануари – ноември имаме за цели 23.7 помал од планираниот, односно за 20 проценти од тој кој бил собран во 2018 година“, истакна Мицкоски.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе