Мицкоски го повика Заев на ТВ дуел

Во денешното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за актуелната политичка ситуација во државата, поскапувањето на струјата и новите даноци, како и за плановите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојниот период и локалните избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

„Го повикав Заев да излеземе на дебата, не се охрабри. Еве, повторно го повикувам на дуел, да ја кажеме вистината. Граѓаните заслужуваат да ја слушнат“, рече Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител.

Според него, исполнувањето на нашата домашна задача е клучно за да ги почнеме преговорите со ЕУ, а не прашањето со Бугарија.

„Најпрво треба да си ја исполниме домашната задача. Ако ние сме посакуваниот партнер, ова што се егзибиции кај нашиот источен сосед, набрзина ќе бидат маргинализирани, потенцира Мицкоски.

За време на престојот во Брисел, Мицкоски рече дека побарал ЕУ да го исполни ветеното.

Португалскиот предлог е одбиен, не постои, оцени Мицкоски, потенцирајќи дека тоа е реалноста. Заврши отстапката од македонската есенција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Сега треба да го добиеме тоа што ни е ветено.

Во однос на словенечкото претседателство, Мицкоски е убеден дека Јанез Јанша ќе стори максимум за земјава да ги почне преговорите. Словенечки предлог не знае дали ќе има, но треба да има, напомена, македонска понуда.

„Со Јанша ќе работиме на тоа процесот да се заврши и целосно ќе се ставам на располагање до локалните избори по кои многу работи на политичката сцена ќе се сменат. Убеден сум дека Јанша ќе даде се од себе земјава да ги почне преговорите, но ние мора да ја завршиме домашната задача. Имаме проблем со домашната задача. Се останато се решава. Словенечки предлог не знам дали ќе има, но треба да има македонска понуда“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со престојот во Брисел и разговорите што ги водел таму, Мицкоски рече дека не треба да ја изгубиме надежта дека земјава ќе биде дел од ЕУ.  Ни беше ветено, повтори, а овој народ даде голема жртва.

„Имав можност од прва рака да слушнам од соговорниците во која фаза се наоѓаме. Тоа што можеме како држава да очекуваме е дека не треба да ја изгубиме надежта дека Македонија ќе биде дел од ЕУ и мора силно да работиме тоа да се случи, но за жал, цели три години откако е оваа Влада, имаме само егзибиционизам на домашен и меѓународен план. Се што не убедуваше, не се случи, тоа што требаше да е решение, за нас денес е пречка. Не би рекол дека тоа е само евентуалниот договор со нашиот источен сосед, туку и домашната задача која ние не сме ја завршиле: борбата со корупцијата и криминалот, неиспорачувањето на тоа што е земено како обвска – реформи во економијата, судството, обвинителството. Имаме многу работи да завршиме дома за да продолжиме. Според мене, оваа Влада нема капацитет и не знае како тоа да го заврши, тоа е суштинскиот проблем. Кога тој проблем би го немале, тогаш, убеден сум, многу брзо ќе го добиеме датумот за преговори“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека одлуката на РКЕ е 5,36 за киловат час струја, а изминатиот период беше 4,70 денари, тоа значи дека она што беше прогнозирано во однос на поскапувањето на електричната енергија за 15% делумно се оствари, не се 15%, но се малку повеќе од 12%. Не е во ред во време на светска економска и здравствена криза да удирате по џебот на народот, а истовремено да оставате стотици семејства без работа и егзистенција, вели Мицкоски.

На дебатата со РКЕ во однос на поскапувањето, претставниците на РКЕ беа на ставот дека тие не донесуваат одлуки, туку се под капата на Владата. Тогаш тоа значи дека немаме регулаторна комисија, туку дека власта на чело со Заев кажува и кога ќе поевтини и кога ќе поскапи електричната енергија. Во однос на набавката и плаќањето на електричната енергија, власта дополнително ја втурнува државата во загуба од 4 милиони евра. Заев треба да знае дека тие пари не се негови за така да донесува одлуки, туку пари на граѓаните, вели Мицкоски.

Секогаш кога ќе се направи нова буџетска дупка, претставниците на власта и Ковачевски ќе кажат дека потребната сума ќе се покрие од буџетот на државата. Државата нема посебен буџет од оној кој го полнат граѓаните, а тоа значи дека таквите паушални одговори само ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните кои се осиромашени од секаков аспект, додаде Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ при посетата во Битола елаборираше план како да не се почувствува зголемувањето на цената на електричната енергија, а тоа е возможно само со намалувањето на основната ставка на ДДВ со што ќе се намали товарот на граѓаните. Власта во Собранието предложи закон за намалување на ДДВ-то на домаќинството, но предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не беше само за тоа, туку да биде и за индустријата, истакна Мицкоски.

Ќе се изработи нов амандман во однос на намалувањето на ДДВ кој власта ќе треба да го прифати, поради тоа што ќе се олесни ситуацијата и на обичните граѓани и на индустријата. Иако власта по одреден период ќе сака повторно да го укине тој закон, сепак ВМРО-ДПМНЕ ќе се избори тоа да остане и по изборите, а не само сега кога власта се надева на некој политички поен повеќе, заврши Мицкоски.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе