Во владата

Мицкоски го доби договорот од Заев, но остана на ставот дека тоа е капитулација

Премиерот Зоран Заев на попладневната средба во владата му го предал договорот за решение на спорот за името на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Средбата, како што кажа Мицкоски на излегување од владата, била куса затоа што целокупната тема била исцрпена во текот на вчерашниот ден и тој немал што да додаде повеќе од она што го кажал на последните две прес-конференции.

Мицкоски повтори дека овој договор за него и за ВМРО-ДПМНЕ е капитуалација на Република Македонија. 

„Тој договор сега ни е предаден нас, на ВМРО-ДПМНЕ. Од претседателот на Владата добив информација дека во текот на утрешниот ден договорот ќе помине на владина седница и ќе биде декласифициран, така што најверојатно веќе од утрешниот ден јавноста ќе  ги знае деталите и спецификите содржани во него. Ние доправа ќе го разгледуваме договорот така што ќе коментираме во деновите што следуваат”, рече Мицкоски. 

Тој додаде дека договорот ќе биде анализиран во сите партиски комисии и органи оти во деновите што следат ќе повикаат консултации со МПЦ, Исламската верска заедница, МАНУ и со други општествени групи во Република Македонија. 

„Некој не доведе во една ваква незавидна ситуација. Си го приватизираше и монополизираше  целокупнииот овој процес. Сега не стави пред свршен чин да коментираме капитулација, но ние на денешната прес-конференција рековме дека ќе ги искористиме сите демократски и законски средства коишто ни стојат на располагање за да му пркосиме на истиот”, рече Мицкоски. 

Тој денеска има средба и со претседателот Ѓорге Иванов на која ги повторил ставовите и позициите на неговата партија.

„Претседателот ме информираше дека во текот на денешниот ден ќе има обраќање до јавноста”, информираше кусо Мицкоски. 

На прашањето дали има можност за промена на неговиот став за договорот меѓу Заев и Ципрас за спорот со името, тој кажа дека врз основа на деталите што ги дознават деновиве од медиумите и неговиот личен став и ставот на партијата стануваат уште поцврсти. 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе