По оставката на д-р Ванчо Ѓорѓиев

Мицкоски ги повика членовите на македонската историска комисија да поднесат оставки

По оставката на членот на македонскиот дел од мешовитата комисија за историски прашања д-р Ванчо Ѓорѓиев и неговото образложение за мешање од страна на висок функционер на МНР, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика и останатите членови на комисијата да поднесат оставки, а во меѓувреме да внимаваат за што преговараат со бугарските историчари и што потпишуваат за да не бидат запишани на темната страна од македонската историја.

Јас сум шокиран ако е вистина дека некој, помеѓу двата изборни круга, одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја распродава Македонија, а за сметка на тоа да опстане политички. Веднаш упатувам повик до тие политичари да поднесат оставки, но и повик до останатите членови на комисијата која преговара, односно до таканаречената историска комисија, да го следат чекорот на професорот Ванчо Георгиев и да поднесат оставки. Треба да се свесни дека слугувањето на тие што ја продаваат Македонија ќе биде запишано на темната страница од македонската историја.

Ние имаме јасна Декларација усвоена во Собранието и очекувам да се држат до Резолуцијата на парламентето. Очекувам личните и бизнис интереси да бидат оставени по страна и апелирам до членовите на таа комисија на трезвеност и патриотски чувства и да внимаваат за што преговараат и што потпишуваат имајќи предвид дека ова се чувствителни моменти за македонскиот народ“, изјави Мицкоски денека во Битола на новинарско прашање по веста дека д-р Ванчо Ѓорѓиев поднесе оставка во македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе